Крем салата со варени јајца | Simple Egg Salad [♫Coldplay – Yellow]

Coldplay – Yellow

(en is below)

Крем салата од јајца е прво нешто што ми текнува да направам ако имам останато неколку варени јајца во фрижидер и тоа од две причини. Првата е тоа што нема друга салата која се прави полесно од оваа, а втората е тоа што откако ќе ја направам имам шанса да уживам во мајонезот (кој и така малку го има).

Кога сме кај мајонезот, оф… знам за него сѐ, ама многу го сакам. Имам неколку омилени комбинации каде не можам едноставно да го избегнам: лепче, намачкано со мајонез, солена урда и парчиња сочен патлиџан. Лелеееее! Како би каснала сега едно… Обожавам крем салати баш од таа причина што има мајонез во нив. Но, не го јадам никако често, ба напротив еднаш во месецот можеби ќе се почастам со комбинацијата погоре 😀

Оваа крем салата е толку многу лесна за правење, а и е многу вкусна. Брза и економична, а ќе ве воодушеви и вас и сите други на кои ќе им ја подготвите. Може да ставите и други состојки по ваш вкус (кисели краставички, власец, магоднос и сл.), но јас ја сакам вака, наједоставна. Еве го рецептот:

Крем салата од варени јајца

Состојки:

  • 5 варени јајца
  • 5 лажици палака
  • 1 лажица мајонез
  • 1 лажица сенф
  • сол и бибер

Подготовка:

Јајцата сварете ги околу 8 минути, додека да бидат тврдо варени. Во длабок сад, исечкајте ги на мали парчиња и зачувајте една варена жолчка за декорација. Ставете ги павлаката, мајонезот, сенфот и зачинете по вкус со сол и бибер.

*јас ја сервирав салатата на препечно лепче и од горе изрендав варена жолчка на секое лепче.

I am such a mayo queen you don’t even know. I don’t eat mayo on a regular base but omg I love it so much! My favorite combo is: piece of bread, slathered with mayo, salty ricotta and slices of juicy tomato. My oh my! I could eat this for breakfast, lunch and dinner.

This salad was made out of leftover eggs and I can not think of any salad that is more simple to make than this one. You can adjust the flavor by your own taste adding chives, parsley, dill pickles but I personally, like it simple as this recipe that I am sharing with you.

Simple Egg Salad

Ingredients:

  • 5 hard boiled eggs
  • 5 tablespoons sour cream
  • 1 tablespoon mayonnaise
  • 1 tablespoon mustard
  • salt and black pepper

Prep: 

In a bowl, chop the eggs, reserving one yolk for decoration.

Add the mayo, sour cream, mustard and season to taste with salt and black pepper. Mix and chill the salad in the fridge before serving.

*I served the salad on a rye toasted bread and grated yolk on top of every slice.

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s