Грчка тиропита | Greek Tiropita [♫Nikos Vertis – Thelo na me nioseis]

♫Nikos Vertis – Thelo na me nioseis♫ 

(en is below)

Пред неколку години во Грција, за прв пат пробав тиропита и уште една превкусна пита со месо (не знам како се вика, ама ми остана врежана во срцето). Двете беа феноменални! Корите беа толку многу крцкави, а филот кремаст штосекое залче беше вистинско уживање. Оттогаш, цело време си викам дека ќе пробам да направам тиропита – денес, утре, денес, утре и ете, поминаа неколку години. Но, конечно се решив и да ви кажам испадна преубаво, како за прв пат. Иако, Грците ја прават со домашни кори од тесто кое го месат тие, јас употребив кори за баклава. Филот го направив по мој вкус (со малку кашкавалче), но вие ставете цела доза фета сирење ако сакате. Многу брзо се прави, а многу вкусна излезе. Еве го рецептот:

Грчка тиропита

Состојки: 

  • 10 тенки кори за балкава
  • 2 јајца
  • 150 грама фета сирење
  • 150 грама рикота
  • 150 грама кашкавал (или +150 фета сирење)
  • маслиново масло

Подготовка:

Во длабок сад, искршете ги јајцата. Изматете ги со вилушка и додадете ги сирењата. Зачинете со сол и бибер, по вкус. 

Земете една тава и намачкајте ја со маслиново масло. Почнете да редите: ставете еднa кора, попрскајте ја со маслиново масло, па со малку вода и ставете друга кора. Ова повторете го додека да наредите 5 кори. На петтата кора ставете го филот. Ставете од горе една кора, попрскајте со маслиново и вода и пак продолжете да редите кори. Горе треба да има пет кори. Последната, горна кора, попрскајте ја со маслиново масло и целата пита засечете ја на парчиња. 

Ставете ја тиропитата да се пече во рерна загреана на 200 Целзиусови степени и печете 15-18 минути, т.е додека горниот дел се запече убаво и фати златна боја.

Испечената пита, попрскајте ја со вода, покријте ја со крпа и оставете ја да се олади убаво, за да може филот да се стегне.


Few years ago, I tried tiropita for the first time. Also, I tried another pie with beautiful meat filling, but unfortunately I can not remember the name of the pie. If you know on which pie I am thinking, please let me know in the comment section below. Greece is wonderful cheese land and this pie is absolutely divine and pure representation of this country. Not a traditional recipe, because Greeks are making their own pie crust and I used filo pastry, but never the less it came out great. Here is the recipe:

*pro tip: leave it to cool off completely, before serving, because the filling will set nicely. 

Greek Tiropita

Ingredients: 

  • 10 filo sheet
  • 150 grams feta cheese
  • 150 grams ricotta cheese
  • 150 grams sharp cheese (or use +150 feta cheese, instead)
  • 2 eggs

Prep:

In a bowl, wicks the eggs. Add all types of cheese, season with salt and pepper and mix everything well.

In a baking dish, add some olive oil. Place one sheet of filo, drizzle some olive oil and water and place another filo. Repeat this until you put maximum 5 filo sheets. On the fifth filo, spread the filling. Place filo sheet and repeat again the process until you put 5 filo sheets on top. Drizzle some olive oil on top of the pie, pre-cut the pie into pieces and place in the oven to bake on 200C for 15-18 minutes or until the pie is golden brown. 

When the pie is baked, sprinkle some water on top, cover with kitchen towel and let it sit until it cools down. 

2 thoughts on “Грчка тиропита | Greek Tiropita [♫Nikos Vertis – Thelo na me nioseis]

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s