Тесто за пица l Basic Pizza Dough [♫Leonard Cohen – Dance Me to the End of Love]

♫Leonard Cohen – Dance Me to the End of Love♫

(en is below)

Ниедно купечко тесто за пица не  добро како тоа што ќе си го направите дома. Има  тооолкава одбивност кон замрзнатите купечки теста, што не можам ни да ви објаснам доволно. Колку и да ви изгледа брзо и економично да купите замрзнато тесто, не смее да постои компромис во поглед на вкусот и состојките. Затоа, со вас го споделувам мојот рецепт за тесто за пица.

Овој рецепт веќе го правам без да ја гледам количината на состојките од ливче, затоа што тесто за пица правам многу често. Освен тоа, ова тесто може да го искористите и за фурнаринки, калцоне, дури и за фокача. Со само неколку вистински состојки, ќе добиете тесто кое нема да сакате да го замените со ниедно од супермакет – ви гарантирам!

Тесто за пица

Состојки:

  • 600-700 грама брашно
  • 400 мл топла вода (не зовриена или врела)
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажица мед (или шеќер)
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка: 

Во длабок сад ставете го брашното.

*јас никогаш не ја ставам целата количина на брашно одеднаш. Чувам една до две шолји брашно и додавам по потреба како што го месам тестото.

Во топлата вода, ставете ги медот и квасецот. Оставете 10 минути за да се активира квасецот. Кога ќе се активира квасецот, ставете ја течноста во садот со брашно. Ставете ги маслиновото масло и солта. 

Мешајте прво со дрвена лажица додека да се соединат сите состојки, а потоа замесете тесто со рака. Месете го тестото околу 10 минути, т.е додека да стане мазно, меко и еластично.

*боцнете го со прст и ако тестото се врати назад, значи дека му е доволно месење

Тестото, намачкајте го со маслиново масло, покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне на топло место, најмалку 1 час.

По 1 час, премесете го нараснатото тесто и оставете го дополнителни 10-15 минути на топло, на нарасне по втор пат.

*овој втор просец на ферментација го формира вкусот на тестото. 

Сега, може да направите домашна пица. Еве го рецептот и за доматен пица сос. Еве некои идеи за пица:

*Сицилијанска пица

*Пица со лук и пет сирења

*Домашна пица (со јајце)

*Калцоне

*Пица на грил тавче


This dough will make so much difference next time you’ll decide to make pizza. Even more, using this recipe you can make calzone, focaccia, even bread sticks. I think that you never have to make compromise with the taste and flavour of some food, and this is one of them. Here is the recipe:

Basic Pizza Dough

Ingredients: (US Conversions)

  • 600-700 grams flour
  • 400 ml warm water
  • 1 packet of yeast
  • 1 tablespoon honey (or sugar)
  • 1 teaspoon salt
  • 2-3 tablespoons extra virgin olive oil

Prep:

In a bowl, add the flour.

Add the yeast in the warm water, along with the honey. Let the yeast activate for 10 minutes. Add the yeast mixture in the bowl with the flour, add salt and olive oil. 

Stir the mixture, first with a wooden spoon and then with your hands mix until you form a dough. The dough should be soft, elastic and smooth. Kneed for at least 10 minutes or until the dough bounces back when you pinch it.

Brush the dough with olive oil, cover with kitchen towel and let it ferment on a warm place for at least 1 hour.

After 1 hour of fermentation, need the dough again and let it ferment again for additional 10-15 minutes. This second fermentation makes the dough to be slightly sour and tasty, overall.

Now, you are ready to make some pizza 😀 Here is my recipe for homemade pizza sauce and here are some pizza ideas:

*Calzone

*Sicilian pizza

*Five cheese garlic pizza

*Flatbread Pizza

*Pizza From My Childhood

5 thoughts on “Тесто за пица l Basic Pizza Dough [♫Leonard Cohen – Dance Me to the End of Love]

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s