Крекери од семки | Seed Crackers [♫Hall and Oates – Out of Touch]

♫Hall and Oates – Out of Touch♫

(en is below)

Крекерите кои ги гледате пред вас се нешто што мора да го направите и тоа уште веднаш. Јас, дома, скоро секогаш имам семки кои си ги чувам во теглички. Забележав дека ретко ги користам, освен кога правам леб и можеби понекогаш во гранола (која и така ретко ја јадам). Овој рецепт го за крекери го видов на интернет и ми се виде навистина интересен. Малку бев скепична дека нема да ми испадне, но испадна совршено добар. Крекериве (кои повеќе личат на плочки) беа толку многу вкусни, што дури тие неколку кои ми се распаднаа при печењето ги искршив уште повеќе и ги ставив во тегличка и оп – печени семки за следното мое домашно лепче 🙂

Ако сакате крекери без брашно, здрави и полни со омега 3 масни киселини, со минимална употреба на масло и нешто ново, тогаш направете ги токму овие. Еве го рецептот:

Крекери од семки

Состојки:

  • 100 грама сусам
  • 100 грама ленено семе
  • 100 грама семки од тиква
  • 100 грама сончоглед
  • 100 грама чиа семе
  • 100 грама овесни снегулки
  • 1 лажиче сол
  • 200 мл врела вода
  • 50 мл масло (маслиново или друго по желба)

Подготовка: 

Ставете ги семките и овесните снегулки во сад. Измешајте ги со солта. Во тенџерче, ставете ги маслото и водата да се загреат. Кога ќе бидат пред зовривање, прелијте ги врз семките и оставете 10 минути за да набабрат.

Во тавче за печење, ставете хартија за печење и ставете ја смесата. Распоредете ја еднакво. Со нож, засечете парчиња како крекери. Ставете да се печат во рерна загреана на 150 Цeлезиусови степени, 40-45 минути.

Кога ќе бидат печени, оставете да се оладат убаво пред да ги сервирате.

I found this recipe somewhere on the internet and I immediately decided to make them. I always have these seeds on hand in my pantry – I store them in glass jars, but I realise that I do not use them as often as I should. So, this seemed to me like a perfect idea to use my seeds. Also, I was left with a bonus jar of crushed crackers – some of them end up crushing in the process of baking 😀 I encourage you to make these crackers if you want some healthy, tasty, (almost) oil free and flour free crackers. Here is the recipe:

Seed Crackers 

Ingredients:

  • 100 grams each: pumpkin seeds, sunflower, sesame, flaxseed, chia and old fashioned oats
  • 200 ml boiling water
  • 100 ml oil (olive oil, walnut or oil of choice)
  • 1 teaspoon salt

Prep:

Mix all the seeds in a bowl. Add the salt and mix everything well.

In a small pot, add the water and oil. Heat them and when they almost come to boil, pour over the liquid on the seeds. Let them swell for 10 minutes.

Put some baking paper on a baking tray and spread the mixture evenly. Using a knife, slice the dough into squares. Bake the crackers in a preheated oven at 150C for about 40-45 minutes. Let them chill well until serving.

One thought on “Крекери од семки | Seed Crackers [♫Hall and Oates – Out of Touch]

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s