Капрезе сендвич | Simple Caprese Sandwich [No Doubt – Don’t Speak]

♫No Doubt – Don’t Speak♫

(en is below)

Пред неколку години не можев ни да помириснам босилек, а камо ли песто сос. Ау! Не можев да го поднесам силниот мирис на босилекот. Но, минатото лето кога бев во Хрватска, се заљубив во него. Оваа година, си засадив неколку свежи зачини во една саксија. Босилекот е еден од нив, заедно со рузмарин и нане. Босилекот ми е сега омилен. Мајка ми го обожава – го става во тестенини, салати… во се што ќе ѝ падне на памет. Овој сендвич го помати мојот памет. Салата во сендвич 😀 Како да ви објаснам колку е вкусен?! Хм… Растопена моцарела со сочен палиџан и миризливо песто од босилек. Се тоа на багет, испечено со путер. Епа дечки, подобро од ова за во лето – нема!

Ако не сте ја пробале оваа комбинација во сендвич претходно, еве ви шанса да пробате. Ќе ми кажете “фала„ покасно 😀

Капрезе сендвич

Состојки:

  • 1 багет
  • домати (поцврсти)
  • моцарела
  • свеж босилек
  • песто сос или паста од маслинки

Подготовка: 

Багетот исечете го на три еднакви парчиња. Доматите и моцарелата исечете ги на тркалца.

Багетот намачкајте го со песто сос или паста од маслинки (за тие што не јадат песто сос), наредете неколку парчиња домати, моцарела и ливчиња босилек.

Вака подготвениот сендвич, ставете го на тавче за пржење. Ставете малку путер и притиснете го со друго тавче. Печете додека да биде крвкав од надвор, околу 8- 10 минути, со повремено вртење, за да не изгори.

Пресечете го на половина и сервирајте.

Забелешка:

Со песто сос е многу повкусен, од оној со паста од маслинки.


I have a small herb garden in my terrace. I don’t even know if you can call that herb garden, but this is my first time having basil, rosemary and mint growing in my home and not buying them in the supermarket. It gives me so much fun and joy watching them grow and spread (especially the mint!).

I wasn’t basil or pesto for that matter, lover. I hated the taste, the smell the flavour – everything! However, things have changed since my last visit to Croatia for the summer (‘2016). I fell in love with this herb instantly! Now, I love pesto sauce (I even made one baby jar myself few days ago). This sandwich was the best thing that I’ve eaten this month. THE BEST SANDWICH, GUYS! The combination of tomatoes, fresh basil, mozza and basil pesto, on a fresh baguette is just perfect! More than perfect, really! If you haven’t tried this sandwich, here is your chance to make it and enjoy. You’ll thank me later 🙂

Simple Caprese Sandwich

Ingredients:

  • 1 baguette
  • tomatoes, firm and sliced
  • mozzarella, sliced
  • pesto sauce or olive paste

Prep:

Cut the baguette into 3 equal pieces. Slice the tomatoes and mozza. 

Spread some pesto (or olive paste) on the bread. Add some slices of tomato, mozzarella and some fresh basil.

In a frying pan, add some butter. Put the sandwich in the pan and using other heavy pan, press the sandwich down. fry for about 8-10 minutes with occasional turning on each side.

Slice and serve.

One thought on “Капрезе сендвич | Simple Caprese Sandwich [No Doubt – Don’t Speak]

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s