Брускети со домати и босилек од филмот „Julie and Julia“ | Julie and Julia’s Tomato Bruschetta [Time after time- Margaret Whiting]

♫Time after time- Margaret Whiting♫

(en is below)

Ако не сте го гледале до сега филмот „Julie & Julia“ ќе ви дадам уште една, последна шанса пред да прекине нашето другарство. Овој филм е есенцијата на тоа што го правам јас во мојот приватен живот. Девојка од Њујорк, која работи досадна 8-часовна работа, решава да отвори блог преку кој учи да готви директно од легендарниот готвач на познатата Џулија Чајлд. Таа секој ден прави по еден рецепт од готвачот на Џулија и нејзиниот проект е наречен: Julie & Julia: 365 Days, 524 Recipes, 1 Tiny Apartment Kitchen. Овие брускети ги прави токму во момент БУМ! Добива идеја за блогот, додека со леснотија ги подготвува овие превкусни, едноставни и неодоливи брускети со домати. Еве ја сцената:

Неколку дена откако го изгледав филмот, за прв пат, ги направив овие брускети и да ви кажам искрено, срцево ми пееше. Толкава едноставност во едно парче совршено испржено чијабата лепче, намачкано со лукче, од горе наполнето со зрели томати и босилек. За мене, тоа е совршениот ручек. Не постои некое друго слично јадење кое го правам ама и јадам со огрооооомно задоволство. Филмот излезе во 2009 година, а јас оттогаш овие брускети ги имам направено сигурно 10 пати. Мора, ама мора да ги направите барем еднаш во животот! Ви гарантирам дека ќе ви бидат најслатките залчиња.

Брускети со домати и босилек од филмот „Julie and Julia“

Состојки: 

  • 1 кг зрели домати
  • 1 чиjабата леб
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица вински оцет
  • 1 врзоп босилек (или 2 лажици песто сос – јас тоа користев)
  • сол

Подготовка:

Лебот исечете го на подебели парчиња.

Во длабок сад, исечкајте ги доматите на коцки (отстранете ги семките), исечкајте го босилекот, зачинете со маслоново, вински оцет и сол. Оставете го филот во фрижидер да отстои 30 минути.

Во тавче за пржење, ставете маслиново масло. На маслото пржете ги лепчињата додека да поруменат убаво. Пржете ги од двете страни. Откако ќе се испржат, веднаш намачкајте ги ги убаво и од двете страни со лукчето (поминете низ нив).

Исцедете ја течноста која ќе ја пуштат доматите.

Врз секое парче леб ставете по 1-2 големи лажици од филот од домати. Ставете едно парче босилек, за декорација.


This movie is my true inspiration and every time I need one, I always watch “Julie and Julia”. If you haven’t watch this movie, I’ll give you a one last chance to watch it so we can be true friends 🙂

Simple, yet so tasty, these bruschettas will change your life. Believe me! Just choose the ripest tomatoes, the best quality extra virgin olive oil, preferably homemade bread and voilà – you have some bruschettas that will blow your mind!

“Julie and Julia” Tomato Bruschetta

Ingredients:

  • 1 kg ripe tomatoes
  • 1 garlic clove
  • 1 bunch basil (or 2 heaping tablespoons pesto genovese – I used homemade pesto, because I had a jar on my hand)
  • 3 tablespoons extra virgin olive oil
  • 1 tablespoon red wine vinegar
  • salt

Prep:

Slice the ciabatta in thick slices. 

In a bowl, chop the tomatoes (remove the seeds), add olive oil, salt, chopped basil (or pesto) and let it chill in the fridge for 30 minutes.

In a frying pan, add some olive oil. Fry the bread until crispy on both sides. Rub each slice with garlic until the bread is still hot.

Drain the excess liquid from the tomatoes.

Top each slice of bread with 1-2 tablespoons of the tomato filling. Garnish with some fresh basil. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s