Крцкаво пржено пилешко | Crispy Fried Chicken [♫Kool and The Gang – Get Down On It]

♫Kool & The Gang – Get Down On It♫

(en is below)

Јас месо многу ретко јадам, ама пржено пилешко обожавам, особено кога ќе си го направам сама. Ова е основен рецепт за похување во брашно, јајца и лебни трошки. Интересно е во секоја од нив може да си ставите зачин по вкус, како јас на пример што ставив лук во прав и лут сос. Трикот за совршено испржено пилешко, според мене, е во двојното похување и во лебните трошки. Ако може да си направите сами од стар леб, тоа би било одлично. Ако не, купете некој што се покрупни и посвежи. На овој начин може да похувате што и да ви текне.

Еве го рецептот:

Крцкаво пржено пилешко

Состојки:

  • пилешки стек
  • брашно
  • лебни трошки
  • јајца
  • сол, бибер, лук во прав, лут сос (по желба)
  • сончогледово масло, за пржење

Подготовка:

Пилешките стекови исечете ги на половина (ако се дебели) и со чук за месо исчукајте ги за да бидат тенки.

Во три посебни садови ставете брашно (зачинете со сол, бибер и лук во прав), 2-3 јајца + малку лут сос (по желба) и лебни трошки.

Секое парче месо извалкајте го прво во брашно, па во изматени јајца, па пак во брашно и  на крај во лебни трошки. Вака подготвени, пржете ги во тавче со претходно загреано масло. Пржете го месото од едната страна додека да почне да поруменува и да добива убава златно-жолта боја. Свретете го од другата страна и пржете го на ист начин. Бидејќи стековите се тенки, нема да им треба многу време за да се испржат.

Испржените стекови ставете ги на кујнска хартија да се исцедат од маснотијата пред да ги послужите. 

Забелешка:

Количините за јајцата, лебните трошки и брашното се во зависност од тоа колку месо ќе пржите. Вообичаено, за 500 гр пилешки стекови, јас користам 3-4 јајца.


Everything fried in oil tastes much better, do you agree? I do not eat meat very often, but when I do I try to make it on my own. This crispy fried chicken was so delicious. The trick, in my opinion, is in the double dipping and in the freshness of the breadcrumbs. If you have time, make your own breadcrumbs, but if not, try buying the freshest ones in the store. It really makes a huge difference. Also, you can adjust the flavour by your liking – like I did – garlic and hot sauce! YUM! This is a simple and basic recipe for deep frying everything. Here is the recipe:

Crispy Fried Chicken

Ingredients:

  • chicken (breasts or thighs)
  • flour
  • eggs
  • breadcrumbs
  • salt, pepper, garlic powder, hot sauce (optional)
  • oil, for frying

Prep:

In three separate bowls, add breadcrumbs, eggs, beaten with some hot sauce and flour, seasoned with salt, pepper and garlic powder.

Dip the chicken first in flour, then in the egg mixture, again in the flour and in the breadcrumbs.

Fry the chicken in a skillet with preheated oil for about 6 minutes on each side (it depends of the thickness of the meat).

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s