Полнета проја со коприва и рикота | Nettle and Ricotta Stuffed Cornbread [♫Marvin Gaye – Sexual Healing]

♫Marvin Gaye – Sexual Healing♫

(en is below)

Прво да ви кажам дека овој рецепт за проја е на баба ми. Проверен рецепт за многу вкусна проја! Проја – обожавам, ама ако мене ме прашувате јас секој ден можам да јадам и проја и кифли и леб, ама…

Секогаш се обидувам најдобро да ги искомбинирам продуктите кои ги имам во фрижидер, па така оваа полнета проја настана сосема случајно. Ова е повеќе како идеја за тоа како да ги искористите остатоците или некои зеленчуци и продукти на кои немате идеја што да им правите. Јас имав малку коприва, црни маслинки и урда, па решив да ги ставам во пројата. Поубава е пројата кога е помешана со бело брашно, не само со пченкарно (според мене) и плус трикче за крцкава кора од доле – палента! Еве го рецептот на баба ми за проја:

Полнета проја со коприва и рикота

Состојки: 

  • 3 јајца
  • 3 шолји млеко
  • 3 шолји бело брашно
  • 3 шолји пченкарно брашно
  • 2 шолји сончогледово масло
  • 2 лажички сол
  • 1 прашок за печиво

Фил:

  • 250 гр рикота (урда/сирење/кашкавал)
  • 1 врзоп коприва, обарена (спанаќ/штавељ/блитва)
  • 250 гр маслинки, исечкани
  • 1 лажиче сол

Подотовка: 

Во длабок сад измешајте ги јајцата, маслото, млекото и солта. Во друг сад измешајте ги двете видови брашно со прашокот за печиво.Додајте го брашното во тешната смеса, но не цело – малку по малку. Треба да добиете густа смеса, како густ јогурт. 

Во друг сад измешајте ги сечканите маслинки со рикотата и обарената и исечканата коприва. Посолете по вкус. 

Земете дно тавче за печење. Намачкајте го со масло и посипете малку палента. Ставете половина од смесата за проја. Потоа, ставете го филот, па прекријте со остатокот од смесата за проја. Од горе, ставете семки по желба, како мене или само сусам. 

Ставете ја пројата да се пече во рерна загреана на 200 Целзиусови степени околу 30 минути, односно додека да добие убава златна боја од горе и внатре да биде печена (проверете со чепкалка). 

Оставете убаво да се олади пројата пред да ја пресечете и да сервирате.

I always try to use my leftovers as wisely as I can. Few days ago, I made this cornbread and decided to fill the middle with some nettle that I bought at the Farmers market, also with some black olives that where staring at me every day while sitting in the fridge and with some ricotta, also from the Farmers market. This cornbread turned out perfect – and the next day was even more delicious. This is more like an idea of how to use your leftovers.

Also, this is my grandma’s traditional cornbread recipe. I prefer some white wheat flour in my cornbread, not just corn flour because the overall taste is much better, in my opinion.

Here is the recipe for my stuffed cornbread:

Nettle and Ricotta Stuffed Cornbread

Ingredients:

  • 3 eggs
  • 3 cups corn flour
  • 3 cups white wheat flour
  • 3 cups milk
  • 2 cups sunflower oil
  • 2 teaspoons salt
  • 1 tablespoon baking powder

Filling:

  • 250 grams ricotta
  • 250 grams olives, chopped
  • 1 bunch nettle, steamed and chopped
  • salt, to taste

Prep:

In a bowl, add the wet ingredients – eggs, milk, oil and salt. In another bowl, mix the two types of flour, add baking powder and mix. Add the dry into the wet ingredients, cup by cup, not all at once. The mixture should be like thick yoghurt consistency. 

In a bowl, mix all the ingredients for the filling. Season to taste. 

Grease with oil one baking pan and add some polenta. Distribute through all the surface. Add 1/2 of the mixture in the pan. Add the filling, evenly. Pour the remaining 1/2 of the mixture. Put some seeds on top of the cornbread like me or use just sesame seeds. 

Bake the cornbread in a preheated oven at 200C for 30 minutes or until golden in color and fully baked on the inside (check with toothpick). 

Let it chill completely and then cut into pieces and serve. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s