Сируп од нане | Mint Syrup [♫Eurythmics – Sweet Dreams (Are Made Of This)]

♫Eurythmics – Sweet Dreams (Are Made Of This)♫

(en is below)

Сега, кога нането е во изобилство, не можам а, да не купам неколку букетчиња од пазар. Прво нешто што ми дојде на ум да правам со толку него беше баш овој сируп од нане.

Во Бугарија, пиев еден толку освежителен пијалок, нешто како лимонада со нане и ми остана во меморија дека кога ќе дојдам во Скопје ќе си направам сируп од нане. Лимонада обожавам, па затоа, овој сируп одлично го заслади мојот летен пијалок 🙂 Многу лесно се прави – се што ви треба се само вода, шеќер и нане, се разбира. Од овој рецепт излегува едно шишенце од 300 мл што ќе заслади многу лимонади во топлите денови кои следуваат. Еве го рецептот:

Сируп од нане

Состојки:

  • 1 шолја вода
  • 1 шолја шеќер (јас користев кафеав шеќер, ама може и бел)
  • 2 врзопи свежо нане

Подготовка:

Нането убаво измијте го. Во тенџерче, ставете ги водата, шеќерот и нането. Покријте со капак и оставете да врие смесата додека не се згусне, околу 10 минути. Процедете низ цедалка и сирупут ставете го во стаклено шише. Оставете убаво да се олади.

Како да направите лимонада со сирупот:

Исцедете лимони за да добиете 400 мл сок (околу 1 кг лимони ќе ви требаат). Додадете 400 мл вода и измешајте. Во една чаша од 200 мл, ставете од лимонадата и ставете 4 лажици сируп од нане. Ставете неколку коцки мраз и ливчиња нане за вкус, ама и за декорација.

Mint is in such an abundance these period of the year that every time I go at the Farmers market I do not leave until I buy al least 2 bunches of fresh mint. Oh, the smell is intoxicating. Fresh and so fragrant. I love mint so much, but especially I love it in drinks just like this one – lemonade. You only need three ingredients to make this lovely syrup. From this recipe you will be left with a glass bottle of 300 ml pure delight. Here is the recipe:

Mint Syrup

Ingredients: 

  • 1 cup water
  • 1 cup sugar (brown/white)
  • 2 bunches fresh mint

Prep: 

Wash the mint very well. In a small pot, add the water, sugar and mint. Let it boil on medium heat for 10 minutes. Strain the liquid and transfer the syrup in a glass bottle. Let it chill before use.

How to make lemonade with mint syrup:

Make 400 ml  lemon juice using approx. 1 kg of lemons. Add 400 ml water. Mix well. In a 200 ml glass, pour some lemonade and add 4 tablespoons of mint syrup. Add few ice cubes and fresh mint leaves. Serve 🙂 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s