Сармички од кромид | Onion Dolmades [♫The Weeknd – I Feel It Coming ft. Daft Punk]

♫The Weeknd – I Feel It Coming ft. Daft Punk♫

(en is below)

Ќе почнам вака. Ова е едно од највкусните јадења кое некогаш сум го направила! И би останала само на оваа реченица, но ајде, да објаснам. Јас обожавам кромид во секоја комбинација. Пред неколку години, на Youtube видов едно арапско видео во кое готвачот правеше сармички од кромид. Очите ми светнаа! Буквално! Решив да ги направам. Навистина немам зборови за ова јадење. Освен што е неверојатно вкусно, многу е економично. Јас ги правев само со ориз и тоа со ориз кој ми остана од претходен ручек. Ама вие може да ги наполните и со месо ако сакате. Ќе бидат вкусни како и да ги направите.

Сармички од кромид

Состојки:

  • 4 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица паста од лук
  • 2 шолји сварен ориз (или печен ориз ако ви останал од некое јадење)
  • 1 лажица власец, ситно исечкан
  • 1 домат, изрендан
  • 100 мл сок од домати

Подготовка:

Главиците кромид излупете ги и убаво измијте ги. Засечете ги на половина, но само од едната страна. Видете на сликава:

Ставете ги да се варат во тенџере со зовириена и солена вода. Варете ги 10 минути на средна температура.

За тоа време, направете го филот. Во оризот (најубаво ќе биде ако имате остатоци од печен ориз, ама ако немате, сварете ориз или ако имате време, испечете) ставете ги ренданиот домат, лукчето, пастата од лук, ситно сечканиот власец и зачинете по вкус со сол и бибер.

Главиците кромид убаво оладете ги под млаз ладна вода и одвојте ги листовите. 

Наполнете ги со филот и наредете ги во тавче за печење, претходно намачкано со маслиново масло.

Остатокот од кромид што ќе ви остане, ситно исечкајте го и ставете го во садот во кој беше филот. Ставете 100 мл доматен сос, 1 лажица црвен пипер, 1 шолја вода, ситно исечкани млади лук и кромид, зачинете со сол и бибер и со оваа смеса прелијте ги сармите од кромид.

Печете во рерна загреана на 200 Целзиусови степени околу 20 минути, па потоа кога ќе видите дека заруменува, покријте со алуминиумска фолија и печете уште 30 мин на 180 Целзиусови степени.

Оставете сармичките да се оладат пред да ги послужите.

На здравје!

I have only one word for this dish – HEAVEN! No, really guys, this is mu most beloved dish ever and the best dish that I made these past few years. First thing first. I love onion, so if you don’t like this vegetable, sorry, we are not friends. Ok, maybe I’ll give you a second chance. But. OMG! This dish. Full of sweet onion flavour, soft and delightful. So cheap to make, also if this counts as a pro in you book – in mine – YES!

Few years back, I watched this video on Youtube and I thought to myself: Yes, yes, yes! I have to make this! And I did! And I make it to this day. My version is vegan/vegetarian, but you can stuff these beauties with meat, also. That would be so tasty, too. Here is the recipe and step-by-step technique on how to make this dish:

Onion Dolmades

Ingredients:

  • 4 onions
  • 1 garlic clove
  • 1 tablespoon garlic paste
  • 1 tomato
  • 2 cups leftover risotto (or cooked rice)
  • 1 tablespoon chives
  • 100 ml tomato juice
  • salt and pepper

Prep:

Peel and wash the onions. Cut them lengthwise, but only on one side. See picture:

Fill one pot with water and let the water boil. Salt the water, add the onions and cook them for 10 minutes.  

Meanwhile, prepare the filling. In a bowl, add the leftover risotto, chopped chives, grated tomato, garlic paste, chopped garlic and season with salt and pepper.

Rise the cooked onions under cold water and peel leaf by leaf. Stuff each leaf with the 1 tablespoon of filling. Arrange them on a baking tray greased with some olive oil. 

In the bowl where the stuffing was, add 100 ml tomato juice, chopped garlic, leftover cooked onions, chopped, season with salt and pepper, add 1 cup of water, 1 tablespoon of ground red pepper and pour the mixture on top of the dolmades.

Bake in a preheated oven on 200C for 20 minutes and after that, cover with aluminium foil and bake for additional 30 minutes.

Let them sit on the counter for al least 30 minutes and then serve. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s