Здраво Софија | Zdrasti Sofia [♫The Temptations – My Girl]

♫The Temptations – My Girl♫

Изминатиот викенд го поминав во Софија. Ја посетив за прв пат и горе-долу сум задоволна од градот 🙂 На TripAdvisor видов кои места се најдобри за пица, бургери и суши. Тие јадења морам да ги пробам каде и да одам. Еве што пробав, па со вас споделувам што е добро, што не како и каде престојував додека бев во Софија.

Престој | Accommodation 

(мк) Топло ви го препорачувам станот на Влади и Јулијана. Го најдов на Airbnb и станот беше вистински скапоцен камен во најубавиот дел од Софија, ул: Иван Асен II. Ако некогаш планирате да ја посетите Софија, резервирајте ги кај нив. Соседството беше прекрасно, особено до израз дојдоа убавите и стари куќи во населбата.

(en) I highly recommend using Airbnb and checking in at Juliana and Vladi’s apartment. Omg! What a lovely apartment I’ve booked! I was so happy when I arrived because, first the apartment was huge, clean and very nicely decorated. And second, the neighbourhood was very beautiful and so close to centre.


Храна | The food :

Boom! Burgers

(Cheeseburger + K Pop Chicken + Fries + Onion Rings)

Вкусен чизбургер, но многу крвав. Побарајте да биде повеќе medium. К- поп е бургер од пржени пилешки прсти. Ништо посебно, само лутиот корејски сос беше прва лига. Компирчињата не беа рачно сечени, најверојатно од ќеса. Тркалцата од кромид – многу мрсни. Прескапо за слаб квалитет.

СоветБургерите се значително помали од другите ресторани во Софија каде што служат бургери. Нарачајте само со говедско, не некои варијации со пилшеко или свинско. Не нарачувајте помфрит. Цените се поскапи од другите ресторани. 

The cheeseburger was tasty, but too rare and bloody, for me. Ask or more medium. K-pop burger is a burger with fried chicken tenders. Nothing special, but the gochujang (Korean sauce) was excellent. Fries were from a bag, not hand cut. Onion rings – too greasy. Too expensive for low quality.

Tip: The burger size is small, comparing to other burgers in other restaurants. Don’t order fries. Also, it is more expensive.

Dunkin Donuts 

(пакетче од 6 крофни | 6 packs)

Кој не пробал, мора да оди и да проба. Мој фаворит се крофните со џем од боровинки. Перфекција! Бидејќи имаа промоција, си нарачав шест крофни и навистина се израдував бидејќи имав можност да пробам тоа што ми изгледаше привлечно од излогот. Изборот е гооолем и (скоро) секоја крофна е превкусна. Мене, не ми се допаднаа оние со фил од бел крем – беа многу тешки и имаа вкус на белиот дел од еурокремот. Сите други што ги пробав беа одлични!

Совет: Скоро секогаш имаат промоции и купони на масите за попуст. Искористете ги за да си нарачате 6 крофни за да можете да пробате повеќе вкусови.

No need to explain Duknin Donuts , right? My favorite was the one with blueberry jam. Divine!

TipThey (almost) always have promotions and coupons on some of the tables. Use them for ordering 6 donuts and you’ll have a chance to try more flavours. 

Happy Bar & Grill 

(Бургер со цепкано свинско, чизбургер, суши | Pulled pork burger, Cheeseburger, Sushi)

Кога го видов ресторанот, воопшто не ми се допадна името, светкавото лого и ентериерот, па затоа мислев дека и храната не е добра. Но, се изненадив и тоа многу позитивно, како од храната така и од целиот персонал. На врата ве дочекува хостеса, ѝ кажувате колку души сте и веднаш ви наоѓа место. Ако не ви се допаѓа масата, без проблем ви ја менува. Доаѓа келнерка, се претставува и веднаш ви го дава менито. Вие се одбирате, ја викате со помош на тастер кој стои на масата и храната доаѓа изненадно брзо. Бургерот со цепкано свинско беше превкусен, месото меко, вкусно и сочно, а чизбургерот беше многу вкусен. Компирчињата беа крцакви и рачно сечени, а месото сочно беше говедско и совршено испечено. Бев многу пријатно изненадена од целосната услуга и храна, па решив да одам пак за да пробам нешто друго.

СоветНарачајте бургер или суши, но не готвени јадења – порциите беа мали. 

At first, I didn’t like the name, logo and over all interior in the restaurant. So, I was a bit sceptic about the quality of the food. And… I was surprised. I tried pulled pork burger and cheeseburger. Both were amazing and honestly, I didn’t expect that. Tasty meat, crispy fries and overall really tasty food. the whole customer-server experience was amazing from start to finish. Very professional staff and excellent food.

Tip: Order burger or sushi and keep in mind that the potions are small.

Следниот пат пробав суши и беше ПРЕКРАСНО! Бев исплашена дека рибата може да мириса, но навистина се изненадив – не мирисаше воопшто и беше свежа. Цените на менито за суши беа навистина достапни, споредбено со рестораните за јапонска храна во Софија. Мој предолг е да си одберете од комбо менито за суши – гарантирано нема да погрешите.

The next day, I tried sushi and I was AMAZING! I was afraid that the fish would smell awful and bad, but surprisingly for me it was fresh and without any smell. I was so HAPPY 🙂 Whatever sushi you choose, you’ll be pleased at the end.

Tip: Try the combo menu for sushi.

 Franco’s Pizzeria

(Franco’s Pizza and Pizza Margherita)

Во Бугарија е многу тешко да се најде добра пица. Ама, навистина е тешко. Оваа пицерија Franco’s беше единствената во Софија со добри препораки на Trip-Advisor како пицерија со оригинална италијанска пица. Бидејќи јас обожавам пица, решив да ја посетам пицеријата. Лоцирана е на една ос споредните улички на главната улица „Витоша“. Симпатична, мала пицерија со фина музика во позадина. Супер атмосфера и одличен ентериер. Менито се состои само од пица што особено ми се допаѓаше и тоа неколку видови на пица и една блага пица со Нутела. Јас, не сум некој љубител на Нутела, па таа опција не ми беше многу привлечна. Изборот падна на Franaco’s пица и пица Маргарита. Пиците беа навистина добри, споредбено други пици кои ги пробав и ги гледав во чиниите на гостите низ рестораните од кои поминував. Пица печена на дрва, со крцкава кора и квалитетни состојки. Ништо друго не ви треба освен тоа. Franco’s пицата беше со џем од смокви, пршута, рукола (имаше многу рукола 😦 ) и сируп од балсамико. Вкусот на тие состојки беше навистина одличен. Маргарита пицата беше исто така вкусна, но пак со многу рукола од горе. Квалитетен пармезан, вкусен сос од домати и едноставност која ја краси оваа пица. Пица сос немаше, но искрено немаше никаква потреба од него. Можеби само ние сме научени да ја „давиме“ пицата во сос од домати од причина што е многу сува?! Ако сакате да јадете добра пица, да уживате во мирна и романтична атмосфера, посетете ја оваа пицерија следениот пат кога ќе ја посетите Софија.

Совет: Пробајте ја било која пица. Навистина. Водата им е скапа. Нарачајте си пиво 🙂 

Let’s talk about pizza. Proper pizza is really, really hard to find in Sofia. But, really! And suddenly, Franco’s pizzeria popped out with many positive reviews. After carefully looking at the pictures, I decided that I should try their pizza. This charming pizzeria is located in the centre, on Vitosha Street. It is small, snug, nice and very cozy pizzeria with smooth music in the background. The menu was simple – only pizza and sweet Nutella pizza (I am not into that!). Franco’s Pizza and Pizza Margherita were the choices we made. The crust was crispy and nice, too much arugula (for me) but, the flavour of the pizza was excellent! Franco’s pizza was with prosciutto, fig jam and balsamic glaze and the Margherita was loaded with parmigiano and arugula (again, too much). Very nice looking pizzas and also, they were really tasty. No sauce on the side (that it is really a problem in Sofia), but honestly, there was no need of it. I was really pleased with it.

Tip: Try any pizza really. Bottled water is expensive. Order some Bulgarian beer instead 🙂 

Jovan The Dutch Baker

(Кроасни | Croissants) 

(мк) Оваа холандска пекара ги има највкусните печива во Софија – без конкуренција. Кроасаните се пооолни со путер, како и сите печива кои се лиснати и со путер. Иако си купив неколку, меѓу кои и традиционален кроасан, лиснато печиво со сирење и даниш со ванила крем и јагоди, имам слика само од благото затоа што не издржав па ги изедов сите пред да ги сликам. Лелеее дечки колку беа вкуснииии.

Совет: Нарачајте го ова даниш печиво со ванила крем и јагоди и задолжително кроасан.

(en) This Dutch bakery provides the best pastries, both sweet and savoury in Sofia. Also, they make bread but I didn’t had time to try any. I bought myself some classic croissants, savoury pastry and Danish pastry with vanilla cream and strawberries and believe it or not I ate them all before I even think of taking a descend picture of them. But, this Danish turned out picture perfect, right?

Tip: Try the classic croissants and Danish with vanilla custard and fruit.  

Туристички фотографии | Tourist photos 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s