Пире од спанаќ | Macedonian Style Spinach Dip [♫Bee Gees – How Deep Is Your Love]

♫Bee Gees – How Deep Is Your Love♫

(en is below)

Пире од спанаќ ми е новото омилено јадење. Не знам од каде да почнам за да ви раскажам колку е вкусно и да ве охрабрам да го направите.

Спанаќ обожавам! Ама, вака како пире, го сакам највеќе! Единствена тешка работа во подготовката е миењето на спанаќот! Е, нема подосадна работа од тоа! Ама…откако ќе го измиете, целата постапка за подготовка на пирето оди лесно. Се прави за 15 минути, а се јаде за 5 минути – верувајте! Може да го јадете како прилог на месо, риба, намачкано на лепче или во вегетаријанска верзија, со печени компирчиња и салата од патлиџани, на пример. Мммм!

Овој рецепт вреди пари, верувајте. Направете го и споделете со мене како ви испаднало 🙂

Пире од спанаќ

Состојки:

  • 1 кг спанаќ, обарен
  • 10 чешниња лук, ситно сечкани
  • 120 мл млеко
  • 150 мл масло
  • 2 лажици брашно
  • сол, бибер и морско оревче

Подготовка:

Спанаќот убаво измијте го. Во длабокот тенџере, ставете вода и оставете да зоврие. Посолете и ставете го спанаќот. Варете го спанаќот 5 минути. Потоа, исцедете го многу убаво од водата, ставете го на даска за сечење и исечете го ситно со нож.

Во тавче за пржење, ставете 50 мл масло и 2 лажици брашно. Пржете го брашното и зачинете со сол, бибер и морско оревче. Кога брашното ќе добие златно-жолта боја, ставете го ситно исечканиот спанаќ, измешајте, па ставете 120 мл млеко. Мешајте додека да се згусне смесата околу 5-10 минути.

Во тенџерче на страна, ставете 50 мл масло и ставете го лукчето. Пржете кратко и веднаш прелејте го врз спанаќот и измешајте. 

This is my favorite spinach recipe so far. It is so good that I made it twice this week. The most annoying part of making this recipe is washing the spinach, of course. So boooooring! But, if you have bags of washed spinach in your grocery shop, this will go so easy. Creamy, full of garlicky flavour and just pure delight to eat, this spinach dip is everything you ever wanted your side dish to look and taste like and more!

Macedonian Style Spinach Dip

Ingredients: 

  • 1 kg fresh spinach
  • 10 cloves of garlic
  • 150 ml oil
  • 120 ml milk
  • 2 tablespoons flour
  • salt, pepper, nutmeg

Prep:

Wash and dry the spinach. Blanch the spinach for 5 minutes is a big pot, filled with boiling salted water. Squeeze out the excess water and chop the spinach finely.

In a frying pan, add 50 ml oil and add 2 tablespoons flour. Fry the flour until golden brown. Season with salt, pepper and nutmeg. Add the chopped spinach, stir and add the milk. Let it cook for 5-10 minutes or until the mixture has thicken.

In a small pan, add 50 ml oil and sliced garlic cloves. Fry the garlic for 30 sec and pour the garlic-oil mixture on top of the spinach dip. Stir everything and serve. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s