Фалафел сендвич | Falafel Sandwich [♫Maktub – Já estava escrito]

♫Maktub – Já estava escrito♫

(en is below)

Фалафел сендвич, за прв пат, пробав во сендвичарата „Нино“, кај плоштад „Македонија“. Тогаш, ми изгледаше како највкусниот сендвич што некогаш сум го пробала. Многу салати, сосови, лепче со семки… тој сендвич навистина ми беше вистинско уживање додека го јадев, односно додека не научив да си го подготвувам дома. Од денешна перспектива, плескавицата од леблебија кај „Нино“ беше многу мрсна, а фалафел ќофтињата ако се подготват како што треба, никогаш не се мрсни.%d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-4

Фалафел ќофтињата се одлични за тие што сакаат да го заменат месото со исхраната или што сакаат да направат пауза од него. Најчесто се ставаат во сендвич или се јадат како мезе. Рецептов е 100% проверен и лично ве охрабрувам да го пробате. Сигурна сум дека ќе ги засакате, акко досега никогаш не сте ги пробале овие вкусни ќофтиња од леблебија: %d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-7

Фалафел сендвич

Состојки: 

  • 250 грама наут (сурова леблебија), киснет преку ноќ
  • 1 главица кромид, ситно исечкана
  • 3-4 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 врзоп магоднос
  • 1/2 врзоп коријандер
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 3-4 лажици брашно
  • сол, бибер

Подготовка:

Леблебијата убаво измијте ја, неколку пати, налејте вода и оставете ја да кисне преку ноќ (најмалку 18 часа).

Следниот ден, исцедете ја леблебијата и заедно со кромидот, лукот и зачините, ставете ги во блендер. Блендајте за да добиете смеса како тесто. Ако смесата е многу сува, ставете 1-2 лажици вода. Посебно измиксајте ги магдоносот и коријандерот за да добиете паста од зачините. Пастата измешајте ја со смесата од леблебија. Пробајте ја на вкус и зачинете, ако треба. Од смесата формирајте мали топчиња, редете ги на хартија за печење, за да не се залепат. Секое ќофте пржете го во загреано масло, додека да порумени.

Испржените ќофтиња, редете ги на кујнска хартија и додека се топли посолете ги и ставете малку лимонов сок врз нив. Послужете ги во пита, како мене, со многу свеж зелечнук, сос од павлака и закиселен кромид или со прилог од компири или зеленчук. %d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-6

Falafel sandwich is one of my favorite vegetarian sandwiches out there. These yummy chickpeas balls are perfect in a pita bread or for mezze with some tahini sauce on the side. I know that some of you make them regularly, but for the other ones out there, that never had tried them before, here is the recipe for you: 
%d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-3Falafel Sandwich

Ingredients: 

  • 250 grams raw chickpeas, soaked in water overnight
  • 1 onion, chopped
  • 3-4 garlic cloves, minced
  • 1 bunch parsley
  • 1/2 bunch coriander
  • 3-4 tablespoons flour
  • 1 teaspoon dried red pepper
  • salt and pepper

Prep:

Wash very well the chickpeas and soak them in cold water, overnight.

The next day, drain them and place them in food processor, with the onion and garlic. Blend until a dough like out of the chickpeas. If the dough is too dry, add few tablespoons of water. Separately, in a blender, blend the parsley and coriander until paste forms. Combine the herb paste and the chickpeas dough until everything is well mixed. Form small balls out of the dough and place them on a parchment paper. In a large pot, add some sunflower oil to heat. Fry the falafel balls until they are golden brown. When they are still hot, season them with salt and squeeze some lemon juice over them.

These falafel balls you can serve them with some steamed vegetables or potatoes, or you can place them in a pita bread, spread some yoghurt based sauce, fresh vegetables and some pickled onion (like I did 🙂 )%d1%84%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d1%87-falafel-sandwich-7

One thought on “Фалафел сендвич | Falafel Sandwich [♫Maktub – Já estava escrito]

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s