Сицилијанска пица | Sicilian Square Pizza [♫Carla Bruni – You Belong To Me]

♫Carla Bruni – You Belong To Me♫

(en is below)

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-5Ако морам да бирам, секогаш ќе одберам коцкаста пица пред округла. Таа ми е некако многу повкусна од тркалезната. Можеби затоа што тестото е подебелко, а не тенко. Со доматен сос (секогаш домашен), многу лук и моцарела, тешко да се најде некој кој може да и’ одолее на пицава. Не се фалам, ама изгледа навистина импресивно, нели? ^_^ Пробајте да направите домашно тесто, домашен доматен сос и верувајте дека ќе заборавите на сите пица деливери и буквално ќе се заљубите во неа. Рецептов е 100% проверен, вреди пари, ама јас го споделувам со вас со голема љубов:

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-4Сицилијанска пица

Состојки:

Тесто:

  • 3+ 1/2 шолја брашно
  • 1+ 1/3 шолја топла вода
  • 1 пакетче квасец
  • 1 лажица мед (или шеќер)
  • 1 лажиче сол
  • 3 лажици маслиново масло

Сос од домати:

  • 1 голема конзерва од домати (пелати)
  • 2 големи главици кромид, ситно исечкани
  • 4-5 чешниња лук
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица концентрат од домати
  • прстофат оригано, босилек и нане
  • сол и бибер

Фил:

  • 2 топки моцарела
  • 6 чешниња лук (ако јадете лукче)
  • рукола и чери патлиџанчиња, по желба

Подготовка:

Прво, направете го тестото. Просејте ги брашното и солта во длабок сад. Ставете го маслиново масло. Во топлата вода ставете го медот, промешајте и додадете го квасецот. Кога ќе нарасне, додадете го во брашното и полека мешајте со дрвена лажица додека да се формира топка. Потоа, месете го тестото со рака околу 10-15 минути, односно додека а биде меко, еластично и нелепливо. Намачкајте го со маслиново, покријте го со крпа и оставете да нараснува на топло околу 1 час.

Направете го доматиот сос. Во тавче за сос, ставете маслиново масло. Ставете ги кромидот и лукот да се пржат додека да омекнат. Додадете ги пелатите, наполнете ја конзервата со вода, додадете ја во тенџерето, ставете ги шеќерот, солта, биберот, зачините и концентратот. Измешајте убаво, покријте со капак и оставете да крчка околу 20-25 минути, додека да се згуне сосот. Кога ќе се згусне, изблендајте го сосот со рачен блендер или во миксер и оставете да се олади пред да го користите.

Во коцкасто тавче, ставете маслиново малку. Ставете ги тестото и убаво распоредете го на цело тавче. Ставете од сосот, ставете моцарела, наредете го лукчето. Попрскајте со маслиново масло и ставете ја пицата да се пече во добро загреана рерна на 250 Целзиусови степени. Кога ќе биде печена, ставете рукола и чери од горе и послужете. %d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-3

I love pizza. So much. Especially this square one is my favorite. With lots of garlic and mozzarella. This is my to go pizza dough and pizza sauce that I make all the time. I am sharing with you this lovely recipe with you. Write it or save it in bookmarks and you will be forever grateful with me:

%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-6Sicilian Square Pizza

Dough

Ingredients:

  • 3 + 1/2 cup of flour
  • 1 + 1/3 cup of warm water
  • 1 tablespoon of honey
  • 1 teaspoon of salt
  • 3 tablespoons evoo
  • 1 packet of instant yeast or 40 grams of fresh yeast

Tomato sauce:

Ingredients: 

  • 1 tin of canned tomatoes + water
  • 2 large chopped onions
  • 4 cloves of garlic
  • salt and pepper
  • oregano, mint and basil
  • evoo

Filling:

  • 2 mozzarella balls
  • 6 garlic cloves
  • arugula and cherry tomatoes

Prep:

Stir in the honey and yeast in the warm water. Let it rise for 10 minutes. Sift the flour in a large bowl and add the salt. Stir to incorporate the salt into the flour. After 10 minutes, add the yeast mixture. First, stir with a wooden spoon to combine all together and then kneed with your hands. Kneed the dough for 10-15 minutes or until bouncy and elastic. At the end, incorporate the evoo, cover with towel and let it rise for 1 hour or until doubled in size.

Put some evoo in a large pan. Add the chopped onions and garlic. Cook them until soft. Add the liquids – tomatoes and water, season with dried herbs, cover with a lid and cook for 20 minutes or until the sauce is thick. When the sauce is done, let it cool.

Put some evoo in squared baking pan. Place the dough. Put some sauce, mozzarella, sliced garlic and extra evoo. Bake on 250 C for 10 minutes or until the crust is crispy and golden. Add some arugula, cherry tomatoes and drizzle evoo.%d1%81%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-sicilian-square-pizza-7

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s