Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup [♫Help – Beatles]

♫Help – Beatles♫

(en is below)

Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup (2)Интересно е како само неколку состојки ставете во тенџере може да создадат совршено јадење кое ќе ви ја стопли душата. Во Скопје доаѓаат ладните денови, па затоа супите мене ми се број еден на листата на јадења кои ги подготвувам овој период. Пилешката супа ми беше (и уште ми е) омилена за јадење и готвење минатата година, но оваа година сум повеќе фокусирана на супи и чорбички со зрна и многу зеленчук.

Црвена леќа обожавам да ја користам само во подготовка на супи и чорби бидејќи многу брзо се вари. Затоа, секоја супа со црвена леќа е готова за речиси 30 минути. Оваа супа со црвена леќа супер ќе ви дојде како лесен ручек со печено лепче или како предјадење. Лесна е за подготовка, а е многу, многу вкусна. Ставете си во длабока чинија, пикнете се под ќебе, пушете си релаксирачка музика и ништо друго нема да ви треба за зимско опуштање.

Еве го рецептот:

Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup (1) Супа со црвена леќа 

Состојки: 

  • 2 шолји црвена леќа
  • 1 главица кромид, исечкана на парчиња
  • 2 моркови, исечкани на парчиња
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажиче куркума
  • 1/2 лажиче црвен пипер
  • сол и бибер

Подготовка:

Во тенџере ставете малку маслиново масло да за загрее. На загреаното масло ставете ги кромидот, лукчето и морковот. Пропржете ги кратко, само колку да добијат боја. Налејете 1 литар вода, ставете ја црвената леќа, зачинете со куркума, црвен пипер, сол и бибер, покријте со капак и оставете ја супата да се вари на средна температура, околу 30 минути, односно додека да бидат сите состојки меки и убаво сварени. По 30 минути, течноста префрлете ја во блендер (или со рачен блендер, директно во тенџере) и измиксајте се убаво додека да се добие еднолична смеса. Течноста вратете ја во тенџерето, зачинете по вкус и оставете да прокрчка 5 минути. Послужете со малку ситно сечкан магоднос и јогурт (кефир или павлака). Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup (2)

I just love this season of cozy blankets, binge watching Tv series, eating warm soups and laying on the couch for hours. Winter season is all about comfort, I am right? This soup will ease your soul. Definitely. With very humble ingredients that you probably already have in your kitchen, you can make this soup in no time at all. Warm, cozy, comfortable food is always number one on my list of things I want to do at least once in the day.

This soup includes red lentils as a main star and lentils is the one legume I just adore! I always have green and red lentils in my pantry. I make salad, soups or just simple boil them in advance and add them in my dishes. This is one simple, yet so filling soup that will warm up your soul and body.

Here is the recipe:

Супа со црвена леќа | Red Lentils Soup (3) Red Lentils Soup 

Ingredients:

  • 2 cups red lentils
  • 1 onion, chopped
  • 2 carrots, chopped
  • 2 garlic cloves
  • 1 teaspoon turmeric
  • 1/2 teaspoon red (smoked) paprika
  • salt and black pepper

Prep:

In a large pot, add some evoo. Put all the vegetables and stir fry until they get some color. Pour 1 litre of cold water, add the red lentils, season with turmeric, red (smoked) paprika, salt, black pepper, cover with a lid and let it cook for 30 minutes or until everything is soft and almost mushy. Transfer the soup in a blender (or using a hand blender, blend directly in the pot) and blend until everything is well liquefied. Transfer the soup back in the pot, season to taste once more and let it bubble for 5 minutes. Serve with finely chopped parsley and some cream fraiche.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s