Палента пица | Polenta Pizza Crust [♫Abba – Take A Chance On Me]

♫Abba – Take A Chance On Me♫

(en is below)

Ако ме следите подолго на блогот, верувам дека знаете за тоа колку сакам да правам и да јадам пица! Пица обожавам да јадам и тоа со секакви филови. Со сувомеснато, со сирења и кашкавали, со зеленчук со се! Но, понекогаш на моето тело му треба мала пауза од многу тесто и тежки и мрсни филови, па затоа оваа пица од палента е супер замена за оние кои не можат или не сакаат да јадат глутен, а уште ако одлучите да не ставите млечни производи, ова ќе биде и веганска  – супер здрава – пица. #ПицаБезВина%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-4

Јас израснав со палента за вечера. Мајка ми ни правеше палента на сите за вечера, со сиренце (штедливо изрендано 🙂 ) и јас си ставав (а, и денес ставам) многу кечап. Тоа ми беше омилено јадење за вечера или појадок. Подоцна, кога научив сама да си правам палента, ставав путер и млеко, наместо само вода во текот на варењето и беше навистина повкусна. Мајка ми сè уште ја прави на ист начин и до ден денес јас таква и со задоволство ја јадам.

Оваа варијација на пица е мој предлог за здрав ручек. Ако сте љубител на палента, со сигурност ќе ви се допадне ова јадење. Состојките за фил одберете си ги сами, јас ставив што јас сакам да јадам и имав во фрижидер, а истото направете го и вие.

%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-2Палента пица

Состојки:

  • 1 шолја палента
  • 4 шолји вода
  • 1 лажиче сол
  • маслиново масло
  • фил за пица: домати, кромид, маслинки, моцарела, босилек, лук, доматен сос

Подготовка:

Во тенџере ставете водата да се загрее. Посолете. Кога ќе почне да врие водата, ставете ја палентата, тргнете од оган и мешајте додека да се згусне. Намалете ја ринглата и варете ја палентата, мешајќи околу 5 минути. Кога ќе се згусне, ставете го маслиновото масло. На тавче за печење, ставете хартија за печење и претурете ја палентата.Со лажица и со раце (ако е оладена) формирајте тркалезен облик. Ставете доматен сос и наредете ги состојките за пицата. %d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-11Ставете ја пицата да се пече во рерна загреана на 180 Целзиусови степени, кратко, само колку да се запечат зеленчуците и да се растопи моцарелата. Сервирајте ја топла, исто како пица.%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-6

I grew up eating polenta for dinner. When I was living with my parents, my mom used to prepare polenta for all of us for dinner and sometimes for breakfast. With (stingy) grated white cheese (sirenje) and a lot of ketchup (always a must-have ingredient when I eat polenta). Polenta is truly a comfort dish for me, especially when is prepared by my mom – with water and margarine. When I learnt how to cook and prepared polenta for the first time, I used butter and milk and the taste was much better. However, the childhood memories will remain always in me and I gladly eat polenta whenever I visit my parents house.

This polenta pizza came out of nowhere. As you already know, I love pizza very very very much, but sometimes I try to hold on a bit on the flour component. So, this pizza came out perfectly for me. I found this recipe somewhere on the internet and I was very surprised that this dish even existed. If you omit the dairy, this will be gluten free and vegan, also. I highly recommend giving this pizza a try. Fill it with whatever topping you like or have in the fridge. #GuiltFreePizza

%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-1Polenta Pizza Crust

Ingredients: 

  • 1 cup cornmeal
  • 4 cups water
  • salt
  • evoo
  • Toppings for pizza: tomato sauce, basil, mozzarella, tomato, onion, olives, garlic…

Prep:

In a saucepan, bring the water to boil. After the water boils, put some salt and add the cornmeal. Stir vigorously, lower the heat and cook 5 minutes or until the polenta has thicken.  At the end, add some evoo. Transfer the mixture on a pan lined with baking paper and form a circle shape. Start assembling the pizza with tomato sauce and ingredients of your choice. %d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-10Bake the pizza in a preheated oven on 180C just until the cheese is melted. Serve with some basil while is still warm. %d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%86%d0%b0-polenta-pizza-crust-9

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s