Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives | Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер [♫Boston-More Than A Feeling]

♫Boston-More Than A Feeling♫

(en is below)

Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (7)Ако ви кажам дека инспирација за оваа тајландска супа ми беше коријандерот кој го купив на пазарче, можеби ќе ми се смеете но, мене ми беше многу мака додека да го пронајдам местото каде го продаваат. Можеби заради слаба побарувачка го нема во супермакетите, но коријандерот има толку специфичен вкус што мислам дека секој треба да го проба. И така, си купив еден врзоп коријандер и веднаш ми дојде на идеја да ја направам оваа тајландска супа со пилешко и коријандер. Освен тоа, сакав да ги пробам и закиселените никлуци кои ги најдов во маркет, па се тоа заедно ми се виде како одлична идеја во мојата глава. И верувајте беше превкусно! Иако беше топол скопски ден, јас едноставно не можам да им одолеам на супите и чорбите, па така, оваа ми дојде одлично на душата и телото. Плус, секогаш наоѓам некакви оправдувања да јадам со стапчиња, па ова ми беше совршена прилика уште малку да се извежбам 🙂 Ако сакате да ја направите оваа многу вкусна и лесна тајландска супа, еве го мојот рецепт за неа:

Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (3)Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер

Состојки: 

  • 1 парче пилешки гради (свежо), сварено
  • 1 пакетче нудлс + пакетчето со зачин
  • 1 морков, исечкан на коцки
  • 1 кромид, исечкан на парчиња
  • 2 млади кромидчиња, ситно исечкани
  • 150 грама свежи шампињони, исечени на парчиња
  • 50 грама никулци (јас користев закиселени)
  • 3-4 чешниња лук, исечкани
  • листови коријандер
  • влашец
  • сок од еден лимон
  • сол и бибер

Подготовка:

Во тенџерче, ставете малку маслиново масло да се загрее. На загреаното масло ставете го кромидот (стар) да се пропржи. Додадете ги морковите и печурките и пржете кратко, додека да омекнат. Ставете околу 400 мл вода и оставете да крчка 10 минути. Потоа, додадете ги нудлс, пакетчето со зачини, младото кромидче и лукчето. Покријте со капак и оставете да се сварат нудлсот. Претходно сварените пилешки гради исцепкајте ги и ставете ги во супата. Зачинете со сол, бибер, чили масло, коријандер и сок од еден лимон (или по вкус). Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (3)Се убаво измешајте и сервирајте во чинија. Од горе ставете уште малку коријандер, никулци, влашец, лимон и чили пиперче.Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (2)

Thai cuisine is one of my favorite. In one bowl, you can experience so much flavours, textures and different ingredients. I love soups and stews with all different things inside – noodles, meat, veggies, many toppings and condiments. If the soup is spicy too, oh man! We have a winner! 😀 Few weeks ago, I decided to make this yummy soup all because I had fresh coriander on hand. Actually, I bought one bunch of coriander at the farmer’s market and I was so excited (coriander is not usually sold in the fresh section of our supermarkets, because of the low demand, I suppose) so the first thing that came on my mind was this Thai chicken noodle soup I saw on Pinterest. Also, I bought pickled sprouts and all came together in my head perfectly. Even though is was a hot week day in Skopje, this soup was so soothing to my soul and my body. Also, I always find excuses to eat with chopsticks so… 😀 Here is my recipe for warm, lovely and very very tasty Thai chicken noodle soup with coriander, chili oil and sprouts:Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (6)

Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives

Ingredients: 

  • 1 chicken breast, poached
  • 200 grams of noodles + seasoning packet
  • 1 carrot, diced
  • 1 onion, chopped
  • 2 spring onions, chopped
  • 3-4 garlic cloves, chopped
  • 150 grams of fresh mushrooms (I used champignons)
  • 50 grams of sprouts (I used pickled ones)
  • coriander
  • chives
  • juice of 1 lemon
  • salt, pepper, chili oil (or pepper)

Prep:

First, poach the chicken. In a large pot, put some evoo. Add the onions and carrot. Cook until tender. Add the mushrooms and cook until they are crispy. Add 400 ml of water add the noodles, packet of seasoning, spring onions and garlic. Mix and cook covered with a lid for about 5 minutes. Add the shredded chicken breast, some chopped coriander, chives, chili oil (or peppers) lemon juice and season with salt and pepper. Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (4)Stir and serve in a warm bowl with some more coriander, chives, lemon, chili and sprouts on top.Тајландска пилешка супа со нудлс и коријандер - Thai Chicken Noodle Soup with coriander, sprouts and chives (1)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s