Macedonian Style Pepper Relish – Pindjur | Пинџур [♫Bakni me – Saska Petkovska]

♫Bakni me – Saska Petkovska♫

(en is below)

Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (4)

Штом ќе почне сезоната на летен пинџур, моето срце веднаш игра од радост и од среќа. Јас обожавам пинџур! Тоа е едно од моите омилени македонски јадења. Домашен пинџур, како и се друго што е домашно, не може да се споредува со ништо што е купено од продавница. Вчера, решив да направам пинџур. Иако во Скопје е ужасно топло и ми е мака рерната да ја уклучувам секој пат кога сакам нешто да испечам, решив дека ќе направам пинџур и ќе ја почнам летната сезона на мацкања 🙂 И така имав се во фрижидер, а и за пинџур пак, не ви треба нешто многу мастраф. Е, кога го направив и кога го пробав… Луѓе! Не претерувам кога ќе ви кажам дека ОВОЈ пинџур (инаку, правен по традицонален македонски рецепти) е НАЈДОБРИОТ пинџур што некогаш ќе го направите и пробате! Леле, колку е вкусен! Уште да си испечете топло лепче, да извадите калапче овчо сирење и на уживањето ќе му нема крај! Еве го и рецептот: Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (5)

Пинџур

Состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • пола килограм домати
  • 1 килограм меснати пиперки (зелени или црвени)
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 рака ореви
  • 1 рака магдонос
  • 100 мл сончогледово масло
  • сол, по вкус

Подготовка:

Зеленчукот измијте го и исушете го убаво. На тавче за печење обложено со хартија за печење, наредете го зеленчукот, ставете малку масло и печете во рерна на 200 Целзиусови степени, додека да омкене и да се испече зеленчукот. Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (2)Во толчник ставете ги лукот, оревите и малку сол. Истолчете убаво додека да добиете еднолична смеса како паста. Излупете ги зеленчуците и додадете ги во толчникот и истолчете ги нив заедно со смесата од ореви и лук. Јас пинџурот го сакам со парчиња, но вие може и повеќе да го толчите за да добиете хомогена смеса. Ставете една рака ситно сечкан магдонот. Во тенџерче, ставете го маслото и загрејте го до вриење. Прелијте го врз пинџурот, измешајте и пробајте на вкус за сол. Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (9)Сервирајте топло, со тазе лепче и бело сирење или претходно оладено неколку часа. Ако сакаш да видиш и други македонски рецепти, кликни тука.Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (7)

One of my most beloved memory is the one when my mom made (and still makes) pindjur at night. She put all the vegetables on a baking tray and wait until they are baked, usually after midnight. Then, next morning she (or I) peels them and start to make pindjur. She always adds too little garlic, but I still love the way she makes it. Pindjur was eaten for lunch in my family, with olives, white cheese and a loaf of white bread.

Pindjur is a Macedonian traditional style of relish that includes roasted vegetables (peppers, tomatoes and eggplant). They are mashed in mortar and pestle, garlic is added and oil. This is a Balkan type of relish that is eaten often during the summer.

I love making pindjur and I love eating it. Yesterday, I decided to make pindjur at home, even though in Skopje these days is very, very hot! I avoid turning on the oven during the summer, but yesterday I was craving for pindjur. I already had all the ingredients in my fridge and let me tell you — I made one EPIC pindjur, guys! This pindjur was the best that I have ever made or eaten! If you want to make it and try a little bit of the Macedonian cuisine at its best, you have to try and make this pepper relish.

Macedonian Style Pepper Relish – PindjurMacedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (1)

Ingredients:

  • 2 eggplants
  • 1/2 kg tomatoes
  • 1 kg green/red peppers
  • 3-4 cloves of garlic
  • handful of walnuts
  • 100 ml vegetable oil
  • handful of parsley
  • salt to taste

Prep:

Wash and dry the vegetables. Put them on a baking sheet lined with baking paper and bake them on a medium to high temperature until they are baked and charred. Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (3)Put the peppers and eggplants in a plastic bag so they can steam a bit and you can peel them easily. In a big mortar and pestle put the garlic, walnuts and tablespoon of salt and make a paste. Add the vegetables (peeled) and crush everything. I like my pindjur a bit chunky but it’s up to your taste. In a small pot, heat the oil and when it is very hot, pour over the pindjur and stir (you should hear a sound of chhh and that’s how you know you’ve done that oil thing right 🙂 ). Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (7)Taste for salt and eat it right away with freshly baked bread and white cheese or let it chill and then enjoy it. Either way it is so delicious.Macedonian Style Pepper Relish - Pindjur - Пинџур (8)

If you want to see more Macedonian Style recipes that are traditional, click here.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s