Здраво Охрид! (мк) | ♫Нина Спирова – O, езеро мое!

♫Nina Spirova – O, ezero moe♫

for English version, click here.

Охрид ми е едно од омилените места во Македонија каде одам кога сакам набрзина да ги наполнам батериите од стресниот живот во Скопје. Погледот кон езерото едноставно ме смирува, дишам длабоко и медитирам во себе.Ohrid

Охрид е преубав град, полн со стар, но и модерен дух, голема историја и прекрасна архитектура. Охрид е град кој сакам да го посетувам надвор од високата сезона во лето. Мај, јуни и септември ми се омилени месеци за посетување на овој мал и тивок град. Според мене, ако сакате вистински да го доживеете градот, треба да го посетите во ниските сезони. Тогаш е најубав. Луѓето се помирни и љубезни, цените разумни и уличките празни. Цел град со сите негови убавини и маани ви е на ваше уживање. Ohrid Lake

Ако не сте биле во Охрид, а планирате за заминете на викенд или одмор или пак ако сте биле и планирате пак да го посетите, подолу ќе ве запознаам со Охрид виден низ моите очи и се надевам ќе ве охрабрам да посетите или направите нешто од она што мене ми предизвикува среќа и радост кога сум во Охрид. DSCN0497

-ХРАНА-

Појадок: Појадокот е мој омилен оброк во текот на денот. Бидејќи регуларно јадам овошје за појадок, кога сум на одмор сакам и јас да ја одморам душата, а и стомакот. DSCN0518Во Охрид никогаш не можам да им одолеам на ѓомлезето и питулиците кои локалните домаќинки и домаќини ги продаваат на пазарот во Охрид. Gjomleze & Pitulica on the Farmers MarketОсобено питулиците ми се слабост! Ѓомлезе е т.н пита која се пече под сач,Gjomlezeа питулицата е нешто слично само меѓу редовите се става изварка (урда). PitulicaНа пазарот има неколку продавачи на ѓомлезе и питулица. Освен тоа, тие продаваат и други печива кои ги прават тазе од наутро. Јас ја запознав тетка Нада која прави превкусни ѓомлезе и питулици. Mrs. Nada, the gjomleze makerПробав и баничка со сирење и пита со спанаќ. Homemade spinach pie Banitsa with cheese / spinachКај неа се’ се продаде многу брзо. Дури да трепнеш. Се беше толку вкусно. Седнав на клупите кај Чинарот, си купив јогурт и  и многу слатко си се најадов. Појадокот на локалното пазарче е вистинско искуство. Освен тоа, може да си купите и овошје за по пат (охридски цреши!). DSCN0516 DSCN0517Пробај: Ѓомлезе и питулица. Совет: Едно парче од двете е доволно за еден гладен човек.Pitulica, up close

Традиционална кафанска храна за ручек: Охрид, за жал, е место каде кафаните не доаѓаат до израз. Јас многу сакам попладневни седенки во кафани. Чашка ракија и шопска салата е мој начин за „ништо не ми е битно, ајде да се опуштиме малку“. Holy Rakia!Иако има неколку места во Охрид кои ја негуваат оваа традиција на ракија, скара, салати и печено лепче на скара, повеќето од нив се на самото езеро што ги прави прескапи за храната и услугата која ја нудат. Затоа, јас секогаш сакам да седнувам на места кои не се топлку популарни затоа што баш таму ќе се изненадите позитивно и од храната и од услугата. Ресторанот „Томато“ на плоштадот беше едно такво пријатно изненадување за мене. Buns, kebabs and fries with cheeseХраната беше вкусна, услугата брза и келнерите љубезни. Имаат скара на ќумур и прават одлично месо на скара, тавче гравче и риба. Пробај: шопска салата (порцијата е мала, доволна за еден), Shopska saladќебапчиња, Kebabs with onion and friesпастрмка на скара и задолжително лути пиперки на скара со лук и оцет. Grilled hot peppers with garlic and vinegarСовет: Ако сакате кромид во шопска, треба да им кажете на келнерите.

Пица: Пицата е јадење кое можам да го јадам секој ден од годината. Јас пица ОБОЖАВАМ! За мене, беше навистина тешко да се најде добра пица во Охрид. Има неколку „популарни“ пицерии во Охрид во кои сум била и сум јадела пица, но воопшто не сум излегла задоволна од таму. Многу тенко тесто, сиромашен фил и со смешно мали димензии е нешто што ќе го добиете ако седнете во популарните италијански ресторани со поглед на езерото. Моето искуство таму е едноставно кажано катастрофа. Наместо да нарачате од менито за храна, нарачајте си кафе или пиво и уживајте само во погледот. Затоа, ја најдов совршената пицерија во Охрид која се вика „La Piazza“. Pizzeria "La Piazza", OhridТоа е една мала пицерија лоцирана во задскриена уличка на почетокот на плоштадот. Тука се прави опасна пица! Три години го посетувам ова место и менито на знам скоро напамет. Храната им е одлична, ама пицата им  е едноставно перфектна! Pizza Siciliana & Quatro FormaggiКога ја пронајдов оваа пицерија, бев вистински среќна дека конечно ќе можам да јадам вкусна и вистинска пица во Охрид. Персоналот е секогаш љубезен, амбиентот имтимен. Има мала тераса на која може да седнете и уживате во вкусната храна, заедно со италијанска музика која свири во позадина. Enjoying pizza in "La Piazza"Ова место е навистина фантастично! Пробај: Пица Стелато, Бела пица, Пица Сицилијана, Пица со четири видови сирења или Крем пица. Pizza Siciliana DSCN0530Совет: Ако побарате екстра лукче (како јас) ќе ви понудат само охридско макало, не и свеж лук што е малку чудно во кујна да нема свежо лукче.

Сладолед и слатки: Нема ништо поосвежително од неколку топчиња сладолед додека сонцето пече. Слаткарницата „Малага“ е според мене најдобра слаткарница каде може да јадете одличен сладолед. Ice cream flavorsИмаат неколку вкусови, но сите се оние вистинските.Cherry & Caramel Ice cream Ако сакате колачиња и други слатки, имаат голем избор на торти и колачи. Пробај: Било кој вкус. Совет: Можете да си комбинирате и пола / пола.

Кафе или пиво: Како што кажав погоре, јас не ги сакам оние популарни места каде одат сите луѓе. Кога сум во некој град, сакам да си најдам место за кафе или пијачка кое ќе одговара на мојот дух и карактер. Не многу места во Охрид можат да ми го дадат мирот и спокојот кој ми треба кога тоа ми треба. Lotos Cafe, OhridЗа среќа, го најдов совршеното место каде секој ден го пиев моето утринско и попладневно кафе. Кафе барот „Лотос“ беше местото кафе седев и уживав во преубавиот поглед на езерото кои го имаат од нивната тераса, скопојно пиев кафе или ладно пиво. DSCN0514Ова место е вистински бисер! Персоналот е многу љубезен, кафињата се служат со колаче, а пивото со чипс. Пробај: Нешто што те освежува. Совет: Седенете на масите во првиот ред и уживајте во прекрасниот поглед на езерото.

-ТУРИСТИЧКИ АТРАКЦИИ-

  1. Црква “Св. Софија„DSCN0501
  2. Црква „Св. Јован Канео“Church St. John from Kaneo
  3. Плаошник
  4. Самуилова тврдина
  5. Музеј на вода – Залив на коските
  6. Куќа на РобевциDSCN0494
  7. Манастир „Св. Наум“
  8. Билјанини извори
  9. Национална работилница за рачна изработка на хартијаDSCN0510DSCN0495DSCN0511

или само шетајте наоколу низ градот и тесните улички. Така, ќе го доживеете вистинскиот дух на градот 🙂DSCN0512 DSCN0508 DSCN0509

Оставете долу коментар за тоа кое е вашето омилено место за јадење или пиење во Охрид и кое ви е омилено место кое сте го посетиле во Охрид.DSCN0489

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s