Creamy Spinach and Pea Soup | Чорба од спанаќ и грашок [♫Kool and The Gang – Cherish]

♫Kool and The Gang – Cherish♫

(en is below)

Вкусна и топла чорбичка секогаш може да ми ја згрее душата. Понекогаш кога не ми е денот, освен ќебе и мутави филмчиња на тв, топла чорба може да направи многу. Иако пилешката ми е најомилена, сакам и зеленчукови чорби. Оваа од грашок ми е омилена. Верувам дека овие состојки кои се потребни за чорбата ги имаме сите во фриждер, па затоа е многу практична и економична за подготовка.

Creamy Pea Green Soup - Кремаста зелена чорба со грашок (5)Чорба од спанаќ и грашок

Состојки: 

  • 500 грама грашок (свеж или замрзнат, но не од конзерва)
  • 300 грама свеж спанаќ
  • 1 главица кромид, ситно исечкан (или 2 млади кромидчиња)
  • 2-3 чешниња лук, ситно исечкани (или 1 младо лукче)
  • 1 лажица оригано
  • 800 мл вода
  • сол и бибер

Подготовка:

Во длабоко тенџере ставете малку маслиново масло. Ставете го кромидот да се пржи на среден оган додека да омекне малку. Кога ќе стане стаклест и омекнат, ставете ги лукчето и грашокот. Прелијте со вода, покријте со капак и оставете да се вари грашокот додека да омекне убаво, 25-30 минути. Пет минути пред крај, додадете го спанаќот и оставете да се обари малку. Кога се ќе биде сварено и меко, со рачен блендер (или обичен блендер) измиксајте да се соедини се. Зачинете со сол, бибер, оригано и чили пиперче, по желба. Оставете да проврие 2 минути и тргнете од оган. Сервирајте топло со малку јогурт, маслиново масло врз чорбата, лимон и лепче. Јас направив проја од овесно и пченкарно брашно и ја послужив со оваа чорба. Беше навистина превкусно!

Совет и трик: Ако чорбата е многу густа, додадете повеќе вода. Ако имате свежи зачини при рака (рузмарин, босилек, мајчина душичка, копар…) ставете ги заедно со водата и извадете ги пред крај. Употребете зачини кои немаат пресилен вкус како не би ја уништиле чорбата.

Warm soup is always welcomed in my house, whether I am in a good or bad mood. Mainly when I am feeling blue, I crave for a stew or soup for lunch (or all day, really). Cosy blanket, silly movies or TV shows and a bowl of comfort food. Even though I prefer chicken soup, sometimes I crave proper vegetable soup, like this one. Peas I love, so this soup was so yummy, indeed! These convenient ingredients are part of every kitchen (i think) so that’s one reason more why you should make this soup.

Creamy Pea Green Soup - Кремаста зелена чорба со грашок (4)

Creamy Spinach and Pea Soup

Ingredients: 

  • 500 grams of peas (frozen or fresh, not in a can)
  • 300 grams of fresh spinach
  • 1 large onion, chopped (or 2 spring onions)
  • 2-3 cloves of garlic
  • 1 tablespoon of oregano
  • 800 ml water
  • salt and pepper

Prep:

In a large pot, put some evoo. Add the onion and let it fry on a medium heat until is translucent. Add the garlic and peas, cover everything with some water, put a lid on and let it cook for 25-30 minutes or until the peas is soft. Five minutes before is done, add the spinach and let it cook a bit. When everything is soft, puree the mixture with an immersion blender (or regular blender) until smooth. Season with salt, pepper, oregano and chili pepper to taste and let it boil for additional 2 minutes. Serve while its hot, with drizzle of evoo, natural yoghurt, some wedges of lemon and fresh bread. I served it with homemade oat flour and corn flour cornbread and it was delicious! You have to try out this recipe.

Tips&Tricks: If you want looser soup, add more water. If you have fresh herbs on hand (basil, dill, thyme, rosemary) add them with the water and discard them at the end. Use softer herbs, so they do not overpower the soup. Creamy Pea Green Soup - Кремаста зелена чорба со грашок (2)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s