Greek Tzatziki Sauce | Ѕаѕики сос [♫Valantis – Ola dika sou]

♫Valantis – Ola dika sou♫ (opa!)

(en is below)

Greek Tzatziki Sauce - Ѕаѕики сос (9)Јас ја сакам Грција многу. Особено храната. Мусака, грчка салата, фета сиренце, баклава, ладно цедено маслиново масло, маслинки, сармички од лозов лист, гиро, сувлаки… листата е дооолга. Уште повкусно е кога сета оваа вкусна храна ќе се залее со узо. И поглед кон егејското море. И грчка музика во позадина. Добредојдовте во моите дневни мечтаења, дечки, а воедно и добредојдовте на мојот блог 🙂

Со моите родители често одевме на годишни одмори во Грција (додека бев помала). Се’уште имам живописни сеќавања за нашите одмори. Јас и брат ми, си седиме и играме на плажа, мајка ми ужива во сонцето, а татко ми, до неа, ужива во погледот на егејското море и слуша грчка музика. По некое време, сите четворица влегуваме во морето. Татко ми незабележително не’ фотографира, јас и брат ми пливаме, а мајка ми додека плива ни вика на нас: Не одете во длабокото! 🙂 Потоа, се враќаме во апартманот, ручаме, се одмораме малку и пак на плажа. Најубавиот период почнува некаде од 18 часот. Сонцето полека заоѓа, а морето е многу топло. Брат ми и татко ми играат тенис на плажа, додека јас и мајка ми собираме школки. Навечер, се собираме на тераса после прошетката низ градот и татко ми ужива во грчкото узо, додека слушаме грчка музика.

Моите скорешни сеќавања за убавата Грција се повеќе романтични. Долги седенки на тераса, пропратени со ѕаѕики и бело винце. Романтични погледи и разговори за животот и уживање до макисимум. Наутро, после задолжителното утринско кафе, појадувме во некоја локална пекара и уживаме на сонцето до попладне. По ручекот и дремката, одиме пак на плажа и седиме до заоѓање на сонцето. Сите знаете колку е тоа романтично, нели?

Се занесов малку со моите сеќавања. Да се вратиме сега на овој превкусен сос. Ѕаѕики можам да јадам и дење и ноќе. Не само затоа што е кремаст и полн со лукче, туку и затоа што ми е омилен и оди со скоро секое јадење. Денес направив печени расцветани компирчиња и нешто ми кликна да направам и ѕаѕики. Ги имав сите состојки во фрижидер и го направив за неполни 10 минути. Оди со речиси се – месо, печен зеленчук или како дип со свеж зеленчук и крекери. Ова е оригинален грчки рецепт за ѕаѕики, па затоа зачувајте го во букмаркс за нареден пат кога ќе сакате да направите кремаст и вкусе сос за ручек или вечера.

Greek Tzatziki Sauce - Ѕаѕики сос (4)Ѕаѕики сос

Состојки:

  • 300 мл грчки јогурт
  • 1 краставица
  • 1 лажиче бел оцет
  • прстофат сол + уште по вкус
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажица пире од лук или 1 чешне лук
  • 3 лажици бел оцет
  • неколку гранчиња свеж копар, ситно исечкани

Подготовка: Прво, измијте ја краставицата. Во сад, изрендајте ја на дебелата страна од рендето. Ставете прстофат сол и оцет. Оставете неколку минути краставицата да ја пушти нејзината течност. По неколку минути, исцедете ја убаво течноста од краставицата.Greek Tzatziki Sauce - Ѕаѕики сос (2)

Во длабок сад ставете ги јогуртот, лукот, маслиновото масло и оцетот. Измешајте. Ставете ги копарот и краставицата. Измешајте и пробајте дали треба уште малку сол. Пред да послужите, оставете да се олади во фрижидер.Greek Tzatziki Sauce - Ѕаѕики сос (5)

I love Greece. Greek cuisine, especially. Moussaka, Greek salad, feta cheese, baklava, extra virgin Greek olive oil, lot of olives, dolmades, gyro, suvlaki… the list is endless. All that yummy food, accompanied with some ouzo… And lovely view of the Aegean sea. And beautiful Greek music. Welcome to my daily daydreaming, guys and welcome to my blog 😀 My parents and I visited Greece many times, usually for the holiday season. I have so much vivid memories of those days. My and my little brother playing in the sand, while my mom is sunbathing and my dad is enjoying the view of the sea and listens to Greek (traditional) music. Then, all four of us would go in the warm sea, swimming, while my dad takes pictures of us and my mom constantly saying to us: Do not go very far, guys! – referring to me and my brother, while we swim. Then, we would go at our apartment, having lunch, taking a nap, going to the beach once again. The most beautiful time for me was around 18 o’clock. The water is so warm and the sun is setting beautify. Usually my dad and my brother would play beach tennis and my and my mom would collect shells from the beach. During the night, my dad enjoys drinking ouzo, listens to some Greek music, again and we are all gathered on the balcony of our apartment. However, my recent memories of Greece are romantic ones. Me and my partner hanging at the balcony during the night time, eating tzatziki, drinking Greek white wine, talking about life and enjoying it to the maximum. During the day, we would have breakfast at some local bakery, then drink some coffee and lay on the sandy beach until noon. After our lunch, we have a obligatory nap and then head out to the beach until the sun sets. You all know how romantic is that sun setting, right? I got carried away with my memories. Now, about this yummy sauce. I could eat tzatziki all day, all night. Not because is a creamy and garlicky (wink, wink) sauce, but because is my favorite one. It goes with everything. Today I made hasselback potatoes and something clicked in me to make this sauce. I had every ingredient in my fridge and I made it in less than 10 minutes. Perfectly goes with all kinds of meat, roasted veggies or just as a dip with fresh vegetables and some crackers. This is the original Greek recipe, so save it and make it next time you want something creamy with your lunch or dinner.

Greek Tzatziki Sauce - Ѕаѕики сос (11)

Greek Tzatziki Sauce

Ingredients: 

  • 300 grams of Greek yogurt
  • 1 cucumber
  • 1 teaspoon of white wine vinegar
  • 4 tablespoon of evoo
  • a pinch of salt + more to taste
  • 1 tablespoon of garlic paste or 1 clove of garlic
  • 3 teaspoons of white wine vinegar
  • few sprigs of fresh dill, finely chopped

Prep: Wash and dry the cucumber. Grate it in a bowl with on the wider side of the grater. Add a pinch of salt and 1 teaspoon of white vinegar. Let it sit until the water comes out of the cucumber. After 10 minutes, squeeze all the excess water out of the cucumber.Greek Tzatziki Sauce - Ѕаѕики сос (1)

Greek Tzatziki Sauce - Ѕаѕики сос (3)In a bowl, add the yogurt, garlic, evoo and vinegar. Stir. Add the dill and cucumber. Stir everything and taste for salt. Let it chill in the refrigerator until you serve it.Greek Tzatziki Sauce - Ѕаѕики сос (6)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s