Breakfast Rice Cakes | Оризови галети за појадок [♫Arctic Monkeys – R U Mine?]

♫Arctic Monkeys – R U Mine?♫

(en is below)

Многупати со вас ја имам споделено мојата огромна љубов за тезгите на зеленото пазарче во Скопје. Секогаш кога наутро сум слободна, станувам рано, го пијам првото кафе, се облекувам и одам на пазарче.
Како што шетав низ тезгите, случајно здогледав една тезга полна со различни зелени салати. Средновечната жена внимателно си редеше и прередуваше зеленилта, ги прскаше со вода и насмеано ме пречека. Бев обезена од различните салати кои таа лично ги одгледувала и решила да ги продава. Купив се. Ендивија, бејби рукола, ливчиња со вкус на сенф, поточарка, листови од глуварче и многу други на кои не им ги запомнив имињата. Пред да трпнам – ги купив сите! Farmers market goodiesГи ставив во торбата и заминав среќно да видам што друго има на тезгите. Си купив и домашни јајца, непрскани краставички, млди лукче и кромидче, трупки, цвекло, компири, марула, моркови и букетче лалиња. Без букет цвеќе не си заминувам од пазар.

Кога дојдов дома, решив да си направам брз појадок и да го испијам второто, задолжително турско кафе во кое уживам најмногу. Првото кафе е вкусно, ама второто турско кафе кое го пијам околу 12 часот ми е највкусно, особено ако го испијам после вкусен (доцен) појадок. Решив да направам отворени сендвичи со оризови галети, со зеленчук и варено јајце. Еве, го споделувм и со овас мојот брз, здрав, вкусен и многу лесен појадок.Breakfast Rice Cakes - Оризови галети за појадок (5)

Оризови галети за појадок

Состојки и подготовка: Две оризови галети намачкајте ги со хумус. Тенко исечете половина краставичка и еден домат. Наредете ги зеленчуците на галетите (едно со караставичка, едно со домат). На галетата со краставичка ставете парчиња меко варено јајце, а на галетата со домат ставете малку сирење и сечкано младо лукче. Breakfast Rice Cakes - Оризови галети за појадок (3)Breakfast Rice Cakes - Оризови галети за појадок (4)Сварете си една шолја турско кафе и уживајте во појадокот. Breakfast Rice Cakes - Оризови галети за појадок (1)

Many times here, I’ve told you about my deep appreciation for the Farmer’s market here, in Skopje. Every time I have free time in the morning, I do not miss going to the farmer’s market. It’s close, it’s cheap, it’s fresh, it’s convenient, it’s organic! That day, I got dressed and went to the market. The Real Garlicky GirlI found one particular stall that caught my eye recently. As I was walking through the stalls, I saw a middle aged woman, neatly arranging her home-grown edible leafy greens, spraying them with fresh water and rearranging them so carefully. I was looking for a different kind of greens, not just arugula and lettuce and I finally found where can I buy them 😀 Watercress, mache salad, curly endive, dandelion, baby arugula, red mustard leafs were in my bag as quickly as possible and I was so so sooo happy. Also, I bought fresh, organic eggs, spring onions, garlic, organic cucumbers, beets, carrots, radishes and potatoes. And some tulips. My trip to the farmer’s market is never finished unless I buy fresh flowers, in this case – my favorite tulips.

When I got home, I decided to make some breakfast and enjoy the obligatory second coffee in the morning. Quick breakfast and a cup of Turkish coffee is something I really enjoy in the morning. So, I made rice cakes with hummus, vegetables and a boiled egg. Of course, I used the ingredients I bought 🙂 Now, let me share with you this quick, easy, healthy and very tasty brekkie I made.

Breakfast Rice Cakes - Оризови галети за појадок (5)

Breakfast Rice Cakes

Ingredients and Prep: Take two rice cakes. Smear some hummus on them. Slice some cucumber and tomato. Arrange them on each rice cake. Sprinkle some sea salt. On the rice cake with cucumber, add the soft boiled egg on top. On the other cake with tomato, crumble some cheese and add some sliced spring onion. Breakfast Rice Cakes - Оризови галети за појадок (4)Enjoy with a cup of Turkish coffee.Breakfast Rice Cakes - Оризови галети за појадок (2)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s