Macedonian Style Cheese Pie | Вртена пита со сирење [♫Arhangel – Milion Dolari]

♫Arhangel – Milion Dolari♫

(en is below)

Не можам доволно да ви опишам колку многу сакам да јадам, но и да правам пити. Омилени ми се со праз и со пржена зелка. Јадење пита е традиција во Македонија, но и на Балканот, вообичаено за појадок или вечера со една чаша јогурт или шолја кисело млекце и сиренце (а, во мојот случај и кечап). Мх, мх! Мајка ми најчесто прави пита со готови кори, а понекогаш и со тесто. За мене, лично, највкусна пита е домашната. Нема поголема сатисфакција од замесување на домашно тесто, се согласувате?

Macedonian Style Cheese Pie - Вртена пита со сирење (2)

Вртена пита со сирење

Состојки: 

За тесто:

  • 500 грама брашно
  • 250-300 мл топла вода
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 3-4 лажици масло

За фил:

  • 400 грама рикота или несолена урда
  • 2 јајца, изматени
  • малку млеко
  • 1 лажиче сол

Подготовка: Прво, направете го тестото. Во длабок сад ставете ги топлата вода, шеќерот и квасецот. Измшајте и оставете да отстои 10 минути. Просејте го брашното во длабокиот сад со квасецот, ставете сол и малку масло. Измешајте прво со лажица. Потоа, месете со рака околу 15 минути, додека тестото да биде меко, мазно и еластично. Покријте го со крпа и оставете го да нарасне околу 2 часа на топло место.

За тоа време направете го филот. Во сад ставете ги рикотата, изматените јајца, малку млеко и посолете. Филот треба да биде малку течен, не густ.

Кога тестото е нараснато, ставете го на работна површина и поделете го на 8 еднакви делови. Секое топче развлечете го со сукало на набрашнета работна површина во облик на круг. Развлечете го што е можно потенко. Филувајте со 1-2 големи лажици фил, завиткајте во ролат и така, ставете го во намрсено тркалезно тавче. Ова направете го со сите топчиња за да го исполните тавчето во круг. Macedonian Style Cheese Pie - Вртена пита со сирење (5)

Во филот што ќе ви остане, додадете малку јогурт или млеко и прелијте ја питата. Оставете ја 10 минути односно додека да се загрее рерната. Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени и ставете ја питата да се пече додека да порумени, околу 30-40 минути. Печената пита попрскајте ја со малку вода и покријте ја со крпа. Сервирајте со јогурт или кисело млеко и сиренце.Macedonian Style Cheese Pie - Вртена пита со сирење (3)

I am a HUGE pie lover. I love making pies and of course, I love eating them! My favorite are the ones filled with leeks and cabbage. Eating pie, traditional one with eggs and cheese is a tradition in Macedonia for a long long time. Usually, our grandmothers made us pie when we go and visit them. We eat them for breakfast with a glass of (homemade) yoghurt and lots of cow’s or sheep’s cheese. In my case, I eat a pie with ketchup, too 😀 My mom makes a shortcut version of pies with filo pasty, but also, she makes it from scratch. I, personally, prefer pies made from scratch. The satisfaction of making your own dough is so unique, don’t you think?

Macedonian Style Cheese Pie - Вртена пита со сирење (4)Macedonian Style Cheese Pie

Ingredients:

For the dough:

  • 500 grams white flour
  • 250-300 ml warm water
  • 1 packet of dry yeast
  • 1 tablespoon of sugar
  • 1 teaspoon of salt
  • 3-4 tablespoon of oil

For the filling:

  • 400 grams of ricotta cheese
  • 2 eggs, beaten
  • splash of milk or yoghurt
  • 1 teaspoon of salt

Prep: First, make the dough. In a large bowl, add the warm water, sprinkle some sugar and add the yeast. Stir everything and let it sit for 10 minutes. Sift the flour and add it to the bowl. Add some salt, drizzle some oil and stir with a wooden spoon. When the flour is moist, star kneading with your hands, occasionally adding extra flour if necessary. Knead for at least 15 minutes, or until the dough is elastic, smooth and soft. Put the dough in the bowl, cover with towel and let it rise for 2 hours.

Meanwhile, make the filling by mixing the ricotta, beaten egg, milk and salt in a bowl. The filling should be runny.

When the dough is risen, divide it into 8 equal balls. With a rolling pin roll out each ball on a floured surface into circular shape. Roll it very thinly. Add few tablespoons of the filling. Roll into a cigar shape (loosely) and put it in the pan, lightly covered with oil. Continue until every ball of dough is done. In the remaining filling add some more milk and pour it over the pie. Let it sit for 10 minutes, or until the oven is preheating. Preheat the oven at 200 C and bake the pie for 30-40 minutes, or until golden brown colour. Macedonian Style Cheese Pie - Вртена пита со сирење (5)

When the pie is baked, sprinkled it with little water and cover it with towel. Cut the pie into 8 equal pieces and serve it with (greek) yoghurt and more cheese on the side.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s