Pizza From My Childhood | Домашна пица (со јајце) [♫Dado Topić – Bolji život]

♫Dado Topić – Bolji život♫

(en is below)

Овој блог ми е толку личен. Полн со најубави сеќавања. Најмногу со сеќавања од моето детство. Кога се навраќам назад во времето во мојата глава, има неколку сеќавања кои се длабоко врежани во мене. Едно од нив е сеќавањето за пиците од „Жито Лукс“ во ГТЦ пред повеќе од 20 години. Сигурно повеќе од вас ќе се сетат на пицеријата на втори спрат во ГТЦ. Служеа пици во лимени чинивчиња, задолжително со чаша јогурт. Пиците кои веќе ги нарачавме со моите родители, со нетрпение ги чекавме со татко ми на подвижната лента. Од десната страна, беше закачено менито со слика од мали пици и под нив описот. Седевме надвор, на балконот, ние тројца (брат ми уште не беше роден) и јадевме пици. Мислам дека на татко ми му беше пица „Скопје“ омилена или пица „Македонија“, не се сеќавам баш, но јас знам дека јадев пица со јајце.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Сигурно веќе знаете дека сакам јајца на сите начини, но мислам дека јајце врз пица е мој омилен додаток. Пред неколку дена, бев сама дома и решив да ја рекреирам пицата од моите сеќавања. И испадна одлична. И многу вкусна. И привлечна 🙂 На крај, направив две, нормално, јас со една не поминувам, иако јас си изедов една. Освен тоа, имав многу останати работи во фрижидерот кои секако требаше да ги искористам. Спанаќ, маслинки, лути и кисели пиперчиња. На оригиналната пица со јајце од „Жито Лукс“ не се сеќавам, но еве го рецетптот за мојата верзија:

Домашна пица со јајце

Состојки:

  • домашно тесто за пица
  • домашен сос за пица
  • фил за пица: спанаќ, сирење, јајце, маслинки, лути и кисели пиперчиња (слободно ставете фил на пицата по ваша желба: шунка, салами, кашкавал…)

Подготовка: Направете го тестото за пица. Од него одвојте мали топчиња. На тркалезно тавче ставете, расукајте го тестото, ставете доматен сос и наредете ги состојките за фил. Ставете да се пече во рерна загреана на 250 Целзиусови степени, додека краевите од пицата бидат крцкави. Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (3)

Еве ја втората пица која ја направиви со чедар кашкавал, сирење, маслинки, спанаќ и црвени чили пиперчиња:Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (6)

This blog of mine is so personal. Filled with all my beloved memories. I cherish my childhood memories so much. When I go back in time in my head, few things are stuck in my mind. One of them is my beloved memory of me and my parents, eating pizza in a bakery on the second floor, called “Zhito Luks“, located in the shopping city mall – GTC.  Now, that bakery is gone and the shopping mall is still on the same place. My love for a pizza with an egg started there. In that bakery. They served the pizzas in small tin plates and I was patiently waiting for my pizza to be baked. There was a line in motion where all pizzas where delivered when they were baked. On the right side, there was the menu – mini photos of all pizzas available and below was the description. I just love eggs and you all know that. But pizza with egg on top is probably my favorite pizza topping. Few days ago, I was home alone and I decided to recreate my favorite memory and make my own pizza with egg. And it turned out great! And tasty! And so good looking! I ended up making two, of course. I had so many leftovers like spinach, olives, pickled peppers and they were so tempting. Even though I don’t remember the original recipe from the bakery, here is my version of this epic pizza with an egg:

 

Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (1)

Pizza from my childhood

Ingredients: 

  • homemade pizza dough
  • homemade pizza sauce
  • my leftovers: fresh spinach, olives, spicy peppers, white cheese, an egg (feel free to add anything you like in your own pizza: ham, cheese, mushrooms, salami…)

Prep: Make the dough. Spread the dough in a circle pan. Spread with sauce and on top place the toppings of your choice. Crack the egg and put it in the middle of the pizza. Bake until the edges of the pizza are crispy. Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (2)

Here is my pizza number two, made with cheddar cheese, white cheese, olives, spinach and spicy red peppers:Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (4)

Домашна пица (со јајце) - Pizza from my childhood (5)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s