Spicy Lentil Burgers | Ќофтиња од леќа [♫Kool and The Gang – Fresh]

♫Kool & The Gang – Fresh♫

(en is below)

Секоја година на моите редовни прегледи, на крвната група ми стои дека железото во крвта ми е високо колку Ајфеловата кула. Буквално! Уште од кога знам за себе. Прво, бев малку загрижена, па си викам, зашто не сум како другите со нормални параметри на железо во крв. Иако знам дека и други луѓе имаат високо железо во крвта заради јадење месо, јас не бев таков случај. Почнав да размислувам што е тоа што го јадам на редовна база низ годината, а влијае на моето железо. ЛЕЌА. Тоа е леќа. Леќата ја јадам најмалку еднаш во неделата. Некои луѓе јадат риба и месо еднаш до два пати (а, и повеќе) во текот на неделата. Јас јадам леќа. Многу леќа. Освен тоа, сите зрнести производи од нејзината фамилија ги обожавам. Грав, грашок, леќа, пченка. Јас пораснав со манџата од леќа на мајка ми. Со текот на времето и јас ја совладав техниката за правење највкусна манџа од леќа. Но, леќата ја јадам на многу различни начини – како салата, во супа и вака, во облик на ќофтиња. Овие ќофтиња се превкусни! Крцкави од надвор, меки од внатре, совршено зачинети. ПРЕвкусни. Јас ги послужив со прилог од спанаќ на пареа со лук и пире од компири. Spicy lentil patties - Ќофтиња од леќа (3)

Ќофтиња од леќа

Состојки:

  • 1 шолја леќа, киснета преќу ноќ и сварена
  • 1 морков, изрендан
  • 1 кромид, ситно исечкан
  • 4 чешниња лук, ситно исечкани
  • 2 лажици исечкан магдонос
  • 1/2 шолја лебни трошки
  • 1 белка од јајце, изматена
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица бибер
  • 1 лажица ворчестер сос
  • 1 лажиче табаско сос (опционално)

Подготовка: Сварената леќа ставете ја во длабок сад. Со алатка за пире згмечете ја леќата. Јас сакам да има мали зрнца во бургерите, но вие можете да направите пире од неа. Додадете ги зачините, лебните трошки и зеленчукот. Смесата треба да е како смеса за бургери од мелено месо. Ако е течна (заради јајцето) додадете малку лебни трошки. Со лажица формирајте бургери. Ставете ги на чинија и оставете ги да се ладат во фрижидер околу 1 час.  По еден час, наредете ги на тавче обложено со хартија за печење и ставете да се пече во рерна загреана на 200 Целзиусови степени, околу 25-30 минути додека бидат крцкави од горе, а малку меки од внатре.

За тоа време направете го пирето од компири. Во тенџере ставете излупени компири да се варат. Сварените компири исцедете ги и вратете ги во тенџерето. Додадете млеко, путер, сол, бибер и морско оревче. Со алатка за пире направете пире.

Во тавче за пржење, ставете малку маслиново масло. Додадете 2-3 чешниња исечкан лук. Кога ќе почне да пушта арома, ставете 300 грама измиен и исчистен спанаќ. Гответе кратко додека да овене спанаќот.

Сервирајте ги бургерите топли, на подлога од пире и од горе сервирајте го спанаќот со лук.Spicy lentil patties - Ќофтиња од леќа (4)

On every yearly check up, my doctor says that my blood iron is high as the Eiffel Tower! Literally! At first I was worried – why I can not be normal like everyone else. But then I realized – Tea, you are special! 😀 Just kidding. I know many people have high iron i their blood. But, really, I started wondering what do I eat on a regular bases, year around, so my blood iron is that high. LENTILS! Lentils is what I eat every week.Some people eat fish once or twice a week, some eat meat… I eat lentils and legumes so so so much. Beans, peas, lentils, corn… I love them so much. But lentils, especially green lentils are my favorite! My mom makes this amazing lentil soup since I was a child. Now, I’ve master the technique of that famous lentil soup, but I make so many things using lentil. I make lentil soup and these patties or burgers, for example. They are to die for! Crispy, crunchy, spicy, yummy. Crowd pleaser, perfect for vegetarian lunch or switching your meaty lunch with these. I served them with steamed garlic spinach on the bed of creamy mashed potatoes. OMG they were so yummy!

Spicy lentil patties - Ќофтиња од леќа (4)

Spicy lentil burgers

Ingredients:

  • 1 cup of dried green lentils, soaked over night and cooked
  • 1 carrot, grated
  • 1 onion, finely chopped
  • 4 cloves of garlic, finely chopped (I am garlicky girl, remember?)
  • 2 tablespoons of chopped parsley
  • 1/2 cup of breadcrumbs
  • 1 egg white, slightly beaten
  • 1 tablespoon of salt
  • 1 tablespoon of black pepper
  • 1 tablespoon of Worcester sauce
  • 1 teaspoon of hot sauce (I used Tabasco, but this is optional)

Prep:  Put the cooked lentils in a large bowl. Mash them with a potato masher. I want some grains of lentil in my burgers, but you can mash them completely. Add the vegetables, seasoning and the breadcrumbs. Add the egg white and stir everything together until combined. The mixture should be like ground beef (for making meat burgers). If the mixture is runny (because of the egg), add more breadcrumbs. Make burgers using ice-cream scoop, shape them in a burger shape and put them on a plate. Chill them in the fridge for up to 1 hour. When chilled, line a baking tray with baking paper,   put them on the tray, brush them with evoo and put them in a preheated 200C oven to bake for 25-30 minutes, or until golden brown on top, but slightly soft in the middle.

In the meantime, prepare the mashed potatoes. Boil 1 kg of potatoes. When boiled, peel them, add them to the same pot, add some butter, milk, salt, pepper and nutmeg, Mash with potato masher until smooth.

In a skillet, add some evoo and 2-3 cloves of chopped garlic. Add 300 grams of fresh and washed spinach. Cook few minutes, until soft. Season with salt, pepper and chilli flakes.

When the burgers are ready and cooked, serve them warm on a bed of mashed potatoes and spinach on top. Spicy lentil patties - Ќофтиња од леќа (2)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s