Galette with Leeks and Cheese | Француска пита со праз и сирење [♫Carla Bruni – Quelqu’un m’a dit]

♫Carla Bruni – Quelqu’un m’a dit♫

(en is below)

Иако не разбирам ниту збор од песната на Карла Бруни, има нешто магично во нејзиниот глас, ама и во музиката. Во секој слог се слуша помалку од Фрација, помалку од Париз, Бордо, се слушаат кроасаните со путер, црвеното вино, шансоните, но најмногу љубовта. Франција сум ја посетила два пати во животот (Париз и Ница), но Бордо ми е на врвот на листата! Ништо не може да го замени тој магичен француски град. Ајде, можеби еден ден ќе го посетам.Galette with leeks and cheese 05Галета (француска пита) е мој омилен начин за правење пита. Тоа е така бидејќи јас го сакам рустиниот изглед на питите, па затоа галетата е одлична за тоа да се постигне. Ќе признаат дека имав многу потешкотии во пронаоѓање на совршеното тесто за галета (без јајца, кон тоа целев), но после неколку неуспеси – успеав! Празот ми е омилен зеленчук во зима, па затоа малку сум опседната со него откако се појави на пазарите. Го ставам во се и правам со него се. Супи, чорби, манџи, го печам, го пржам, во варам – буквално го користам во секое јадење. Токму затоа оваа галета решив да ја направам со праз и со македонски овчо сирење. И само да ви кажам – ОВА Е ЕДНА ОДЛИЧНА ФРАНЦУСКА ПИТА која мора да ја пробате!

Galette with leeks and cheese  02Француска пита со праз и сирење

Состојки:

  • 2 шолји  брашно
  • 220 грама ладни коцки путер
  • 1 лажица сол
  • 60-65 мл ладна вода
  • 4 шолји = 2 страка праз, ситно исечкани и обарени
  • 150 грама овчо сирење, издробено
  • сол и бибер

Подготовка: Прво, направете го тестото. Во сад ставете ги брашното и солта. Измешајте. Додадете го путерот и со прсти соединувајте го со брашното додека да се создадат трошки. Додадете ја ладната вода. Прво ставете 50-55 мл па потоа со мешање додавајте пополека. Мешајте со вилушка додека да добиете топка тесто. Не додавајте повеќе од 65 мл вода за оваа количина. Тестото треба да биде еднолично, не да се рони. Формирајте топка, завиткајте ја во фолија или хартија за печење и ставете го тестото во фрижидер да се лади околу 1 час.

Во тенџере со солена и зовриена вода, варете го исечканиот праз (бланширајте) околу 2-3 минути, односно додека да омекне. Јас обично го варам затоа што на тој начин не е толку тежок за желудникот како кога го пржам. Кога ќе омекне празот, ставете го во сад, зачинете и ставете издробено сирење. Измешајте убаво и филот е готов.

Кога тестото ќе биде оладено, извадете го од фрижидер. Ставете го на набрашента површина и развлечете го со дебелина од 1 сантиметар. Ставете го тестото на тавче за печење обложено со хартија за печење, ставете го филот на средината и преклопете ја питата од страните. Не мора да биде совршена, не заборавајте дека ова е рустична пита. Од горе попрскајте со малку маслиново масло и ставете да се пече во рерна загреана на 200 Целзиусови степени, околу 15-20 минути, односно додека да порумени тестото. Печената пита оставете ја да се олади малку пред да ја сервирате. Сервирајте со свежа салата.Galette with leeks and cheese 04

I don’t understand a word of this song, but the voice and the music are gorgeous. They scream France, Paris, Bordeaux, croissants, red wine, love, chansons… I’ve been to France twice in my life (Paris and Nice) but Bordeaux is on my bucket list! Nothing beats that southwester city in France. Well, maybe someday.

Galette is my favorite way to make a pie. Because I love rustic looking pies, galettes are almost always my first choice to make one. I admit, I had difficulties making the perfect dough (without eggs! – that was my goal) but, finally, I succeeded! Leeks are my favorite vegetable during the winter time, so I am a little bit obsessed with making everything with leeks – stews, pies, I bake them, I roast them, I boil them, I put them in everything. That is why I decided to make this lovely galette with leeks and white – Macedonian style sheep’s cheese. And let me tell you – THIS GALETTE IS PERFECT!

Galette with leeks and cheese 01

Galette with leeks and cheese

Ingredients:

  • 2 cups of flour
  • 220 grams of cold butter
  • 1 tablespoon of salt
  • 60-65 ml ice cold water
  • 4 cups of chopped leeks
  • 150 grams of sheep’s cheese, crumbled
  • salt & pepper

Prep: First make your dough. In a large bowl  put the flour and salt. Mix. Add the cold butter and rub the butter between your fingers until small crumbs form. Add the water (first add 55 ml and add more gradually). Mix it with a fork until dough is formed. The dough should be compact, not crumbly, bit do not add more than 65 ml of water or the dough won’t be crispy. Make a ball out of your dough, cover it in a plastic wrap or baking paper and put it in the fridge for 1 hour.

Blanch the leeks in a boiling and salted water. When they are soft, drain them, season them and add the crumbled cheese. That is your filling.

When the dough is chilled, put it in a floured surface.  Roll the dough with a rolling pin into a 1 cm thickness. Put it on a baking tray covered with baking paper. Add the filling in the centre and fold the sides into the centre, so the filling can be seen. Drizzle the galette with evoo and bake it in a preheated 200C oven. Bake for 15-20 minutes, or until golden. Let it cool a bit and serve it with a salad on the side. Galette with leeks and cheese 03

4 thoughts on “Galette with Leeks and Cheese | Француска пита со праз и сирење [♫Carla Bruni – Quelqu’un m’a dit]

  1. I am from Macedonia but raised in Canada. I absolutely love your blog. Your food encorporates both western and Macedonian traditions with an interesting twist.
    I’ve tried few dishes you’ve made and they’re delicious!

    Liked by 1 person

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s