Macedonian Style Cabbage Stew (Podvarok) | Зелка (Подварок) – [♫Piloti – Zaboravljeni]

♫Piloti – Zaboravljeni♫

Прво, сакам да споделам со вас едно од првите сеќавања кои ги имам за себе. Јас, мајка ми и татко ми седиме во дневна, вечераме, најверојатно околу 8 часот навечер, гледаме телевизија и оваа песна почнува да пее. Мислам дека беше дел од некоја серија која моите родители ја гледаа кога бев малечка, но не сум баш сигурна. Ова сеќавање е врежано во мојата глава отсекогаш. Можеби затоа вечерањето е ритуал кој го сакам многу. Оваа песна секогаш ќе ме потсетува на тој дел од моето детство.

Јас обожавам зелка манџа. Тоа е едно од традиционалните јадења кои се подготвува во Македонија, најчесто со ребра или (пушено) свинско месо. Јас, лично, не го јадам подварокот со месо (можеби понекогаш). Повеќе сакам да уживам во вкусот на динстаната зелка со многу црвен пипер. Секој пат кога мајка ми прави подварок, татко ми и’ вели дека го прави како да става во него многу месо. Тајната е во тоа што мајка ми употребува говедска коцка за супа. Иако, традиционално се право со кисела зелка, јас бидејќи многу го сакам ова јадење, понекогаш кога не можам да најдам кисела зелка, го правам со обична зелка и така е исто убаво. Ова јадење е одлично да се подготвува ова време од годината, бидејќи сега се става зелката во буриња и се прави резанац (sauerkraut) од неа. Секое домаќинство си има свој рецепт за правење зимница, па и за кисела зелка. Кисела зелка е мојата омилена салата во зима. Сега, време е да го споделам рецептот со вас.

Зелка манџа (подварок)

Состојки:

  • 1 зелка (или 2 кг резанац или 2 помали главици кисела зелка)
  • 2 големи главици кромид, исечкани
  • 3-4 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 зелена пиперка, исечкана
  • 100 мл сок од домати
  • 1 лажица сол (по вкус)
  • 1 лажица бибер
  • 2 лажици мелен црвен пипер
  • 4-5 (везени) црвени пиперки, испечени

Подготовка: Зелката исечете ја на тенко, како за салата. Во тавче за пржење ставете масло да се загрее. На загреаното масло ставете ги кромидот, лукот и пиперката да се пропржат. Кога кромидот ќе омекне, ставете ја зелата (свежа или кисела, каква и да користите) и измешате. Додадете ги зачините и убаво измешајте. Додадете го сокот од домати и оставете да се крчка 10 минути. Целата манџа претурете ја во тавче за печење, ставете ги печените пиперки од горе и ставете вода до половина тавче (но, не да ја прекрие зелката). Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 40-50 минути, односно додека испари течноста. Послужете со феферончиња и свеж леб. Наздравје 🙂

Ако сакате, може да ставите пушени ребра, свински котлети или било какво пушено месо по ваш избор. Ако користите свежо месо, прво пропржете го кратко на тавче, за да добие боја, па ставете го во манџата. Зелка (Подварок) - Cabbage stew (Podvarok)2

First, let me share with you one of my first ever memory that I can remember. Me, my dad and my mom, sitting in the living room, having dinner, probably around 8 pm., watching TV and listening to this song. Probably it was an intro to a TV series my parents watched when I was a little child. That memory is stuck in my head since forever. I felts peaceful, save and happy. Maybe that is why I just love having dinner at the table every night. This song always reminds me of that time of my childhood.

I just love cabbage stew. It’s a traditional Macedonian food, often served with pork ribs or smoked pork meat.  I, personally, do not eat podvarok that way. I cook and eat it without meat and with lots of paprika. YUM! My dad says to my mom, every time she makes podvarok, that the flavour is like she uses tons of meat. The secret – meat soup cube. Podvarok is made with sauerkraut, but when I can not find it, I use regular cabbage.This dish is perfect for this time of the year, especially because this is the time then sauerkraut is made. Every household buys at least 10 kg of cabbage and either makes sauerkraut or fills plastic barrels with whole cabbages. It’s part of making zimnica (pickling produce) in Macedonia and on the Balkan. I love cabbage of all kind and sauerkraut is my favorite salad during the winter time. Now, let me share this yummy recipe with all of you.

Зелка (Подварок) - Cabbage stew (Podvarok)1Cabbage stew (Podvarok)

Ingredients:

  • 1 whole and big cabbage (or 2 kg of sauerkraut)
  • 2 large onions, chopped
  • 3-4 garlic cloves, minced
  • 1 green pepper, chopped
  • 100 ml of tomato juice
  • 1 tablespoon of salt (to taste)
  • 1 tablespoon of black pepper
  • 2 tablespoons of ground red paprika
  • 4-5 red peppers, roasted

Prep: (If you are using cabbage) Wash the cabbage and chop it thinly. In a large pan, put some oil. Add the onion, garlic and green pepper. Stir until the onion are soft. Add the cabbage (if you are using sauerkraut) add it now. Stir everything together and add the spices. Add the tomato juice and let it bubble for 10 minutes. Transfer the stew into a baking dish, add water until you fill half of the baking pan (not over the cabbage), add the roasted peppers and put it in the oven to bake for about 40-50 minutes on a 200C, or until the water has evaporated. Serve with feferonki (green and spicy peppers) and fresh bread.

If you want, you can add pork chops, pork ribs or any dry and smoked meat of your choice. First, pan fry them, just to get some color and then, add them to the stew.
Зелка (Подварок) - Cabbage stew (Podvarok)3

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s