Soft Pretzels | Переци [♫Duke B ft Angela McCluskey – Hey You]

♫Duke B ft Angela McCluskey – Hey You♫

Јас не сум дете кое пораснав со перек за појадок. Моите родители секогаш купуваа бурек и/или ѓеврек за појадок, особено за викендите. Переците не ги сакав никогаш, можеби затоа што беа многу тврди за мене. Дури и сега во Скопје, ретко може да се најде добра пекара која прави добар и вкусен перек. Кога видов на Гугл дека перекот некои луѓе го јадат со густ сос од кашкавал или сирење, си реков: „Браво Теа! Беше во право што не го јадеше перекот на обичен начин“. 🙂

Овие перечиња ги направив денес и мора да се согласите дека изгледаат прекрасно, нели? Кога беа испечени, јас бев буквално со подотворена уста пред рерната. Меки, солени и со неодолива златно кафена боја. Переците ги сервирав со сос од сино (мувлосано) сирење. Тоа е едно од моите најомилени сирења на сите времиња. Можам да го јадам ама буквално со се, серизоно ви кажувам. Сосот одеше прекрасно со перечињата. Еве го рецептот:

Soft pretzels | Переци [♫Duke B ft Angela McCluskey - Hey You]2Переци

Состојки:

  • 500 грама брашно
  • 2 лажици сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 пакетче сув квасец
  • околу 330-350 мл топла вода
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 литар вода (за варење на переците)
  • 2 лажици сода бикарбона
  • 2 лажици мед (или шеќер)
  • морска сол за попрскување на переците

Подготовка: Во длабок сад ставете ги топлата вода, шеќерот и квасецот. Оставете да отстои 5 минути. Додадете ги брашното, маслото и солта. Мешајте со дрвена лажица додека да се формира тесто. Потоа продолжете да го месите тестото со рака, 8-10 минути, со повремено додавање на брашно. Кога тестото ќе биде меко и еластично, премачкајте го малку со масло и оставете го да нараснува 1 до 2 часа на топло.

Тестото поделете го на два дела и од секој ден одвојте 8 помали парчиња. Од секое парче формирајте перек. Мене ова видео ми помогна за да ги формирам моите переци.

Во тенџере ставете ја водата да зоврие. Ставете ги медот и содата и промешајте. Ставајте ги переците да се варат 1 минута. Варените переци наредете ги на тавче за печење обложено со хартија за печење. Намачкајте ги малку со маслиново масло, попрскајте ги со морска сол и  ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени, 12-15 минути, односно додека да добијат убава златно кафена боја. Послужете ги топли. Soft pretzels | Переци [♫Duke B ft Angela McCluskey - Hey You]2

Сос од сино (мувлосано) сирење: Издробете 100 грама сино сирење (јас користев Бергадер) во сад. Додадете 1 лажица мајонез, 3 лажици павлака и зачинете со сол, бибер и малку бел оцет. Измешајте убаво и послужете.

Soft pretzels | Переци [♫Duke B ft Angela McCluskey - Hey You]2

I didn’t grew up eating pretzels for breakfast. My parents always bought gevrek or bourek for breakfast, especially during the weekend. Pretzels were not my thing, maybe because they were too hard. Even today in Skopje, you can rarely find a descent bakery with good and tasty pretzel. When I saw that you can eat your pretzel with cheese dip, then I said to myself: “Well Tea, you were right not to eat your pretzel in a ordinary way”. 🙂 I made these soft pretzels today and let me tell you that I was literally blown away from the result. They look incredible, right? I was basically staring with my mouth widely open in front of the oven when they were ready. Soft and chewy, deeply golden brown and perfectly salty. These pretzels were served with a blue cheese dipping sauce that I made. Blue cheese is my all time favorite cheese. I could eat every single thing with a piece of blue cheese on the side and I am not kidding. The sauce was perfect, the pretzels were perfect and now, let me share the recipe with you.

Soft pretzels | Переци [♫Duke B ft Angela McCluskey - Hey You]2Soft pretzels

Ingredients:

  • 4 cups of all purpose flour
  • 2 tablespoons of salt
  • 1 tablespoon of sugar
  • 1 package of yeast
  • 1 + 1/2 cups of warm water
  • 2 tablespoons of olive oil
  • 4-6 cups of water (for poaching)
  • 2 tablespoons of bicarbonate of soda
  • 2 tablespoons of honey (or sugar)
  • rock salt for sprinkling on top of the pretzels

Prep: In a bowl, add the warm water, yeast and sugar. Let it sit for 5 minutes. Add the flour, oil and salt and start mixing, first, with wooden spoon.When a dough is formed, kneed it with your hands and add more flour if needed. I added 1/4 cup of flour. Kneed for good 8-10 minutes or until the dough is smooth and springy. Brush the top of the dough with evoo and let it rise for 1 to 2 hours. Divide the dough into two and from each piece cut 8 equal balls. Roll each into a long strip and form a pretzel shape. This video helped me form mine perfectly. Then, bring a pot of water to boil and add the honey and bicarbonate of soda. Slowly put the pretzels to poach for 1 minutes. When they are poached, add them on a baking sheet lined with parchment paper. Drizzle them with evoo and sprinkle some salt on top. Bake them in a preheated oven at 200C, 12-15 minutes or until they are deeply golden brown. Serve them warm.

Blue cheese sauce: Crumble 100 grams of blue cheese (I used Bergader) in a bowl. Add 1 tablespoon of mayo and 3 tablespoons of sour cream or Greek yoghurt. Add some salt, pepper and a drizzle of white wine vinegar. Mix until combined. Soft pretzels | Переци [♫Duke B ft Angela McCluskey - Hey You]1

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s