Chicken in Curry Sauce with Peanuts | Пилешко во кари сос со кикирики [♫Chiquitita – Abba]

♫Chiquitita- Abba♫

(en is below)

Ајде да ви раскажам една мала приказна за Шведска. Шведска е идеалната земја во која би сакала да живеам. Чисти улици. Убави луѓе. Многу, многу убаво облечени мажи. Еднаквост во се. Мирни и дружељубиви луѓе. Љубезен народ. Преубав Gamla Stan. Езерца. Вкусни кафиња. Вкусна храна. Ладни ноќи. Преубави утра. Шарени и урбани метроа. Ика. Макс Бургер. И Abba! Шведска ја посетив дури два пати изминатата година. Еднаш во пролет, еднаш во есен. Два пати се заљубив во неа. Си реков дека ако имам среќа да ја посетам трет пат, тоа ќе биде последен затоа што си сонувам да се преселам некогаш во таа држава.

What we saw (Што видовме):Sweden Collage 1

What we ate (Што јадевме):Sweden Collage 2

Од некои непознати причини, ова јадење ме потсеќа на моите мирни и безгрижни денови во Шведска. Во ова јадење најчесто уживам во есен. Тука, во Скопје, последниве неколку денови не престана да врне. Утрата ладни, ноќите ладни. Ладно ветерче, срамежливо сонце… Се тоа ме потсетува на есен и  на тоа колку го сакам тоа годишно време.

Пилешко во кари сос со кикирики

Состојки:

  • 2 парчиња пилешки гради, исечени на долгнавести парчиња
    2 црвени пиперки, исечени на коцки
    1 главица црвен кромид, исечкана на коцки
    2 чешниња лук, ситно исечкани
    1 лажица кари во прав
    1 лажица куркума
    1 лажиче лут буковец
    1 лажиче мелен црвен пипер
    сол и бибер
    маслиново масло
    1 рака печени и несолени кикрики

Подготовка:

Во големо тавче за пржење ставете малку маслиново масло. Додадете го кродмиот и оставете да се пржи додека да омекне. Потоа, ставете ги пиперките. Гответе на среден оган додека да омекнат пиперките. Потоа, додадете ги лукчето и зачините. Измешајте. Гответе кратко, мешајќи, додека да ја пуштат зачините својата арома. Потоа, додадете го пилешкото. Гответе додека парчињата месо добијат убава боја од сите страни. Додадете 1 шолја вода и покријте со капак. Гответе додека да се редуцира сосот и месото биде меко. Зачинете со сол и бибер и пред крај додадете ги кикириките. Измешајте убаво и оставете малку да се олади пред да го сервирате. Јас сервирав со варен ориз, но може и со пире, печени компири, киноа, кус-кус…

Let me tell you a little story about Sweden. Sweden is a dreamland of mine. For living and for existing as a human being. Clean streets. Beautiful people. Very, very well dressed men. Equality. Calm people. Nice people. Kind people. Divine Gamla Stan. Unforgettable tiny streets. Tasty food. Excellent coffee. Cosy cafes. Lakes. Chilly nights. Beautiful mornings. Breathtaking art in the subway stations. Ica. Max Burger. And Abba. I was lucky enough to visit Sweden (Stockholm) two times last year, once in spring and once during the fall. Both times wonderful. Both time majestic. I fell in love with this city and the whole country. Deep down in myself I said that the third time I’ll visit Sweden it will be the last time, because I dream of staying for good. For unknown reasons, this dish reminds me of my peaceful days in Sweden. Comforting and easy dish, that I often enjoy during the fall. Here, in Skopje, the last week was full of rain, chilly mornings, lots of wind, shy sunshine and cold nights. That reminded me of the fall. I love that season so much. This is a saga of my favorite season.
Chicken in curry sauce with peanuts -[Chiquitita- Abba]

Chicken in curry sauce with peanuts

Ingredients:

  • 2 chicken breasts, cut into strips
  • 2 red peppers, cut into strips
  • 1 red onion, chopped
  • 2 garlic cloves, minced
  • 1 tablespoon of curry powder
  • 1 tablespoon of turmeric
  • 1 teaspoon of chili flakes
  • 1 teaspoon of grounded red pepper
  • salt and pepper
  • evoo
  • 1/4 cup of toasted, unsalted peanuts
  • cooked rice

Prep:

In a large pan, add some evoo. Add the onion. Sweat it until translucent. Then, add the peppers. Cook until the peppers are just soft. Add the garlic and all spices. Stir until the spices become fragrant and add the chicken pieces. Cook until the chicken is brown on all sides. Add 1 cup of water and cover until the chicken pieces are cooked and tender. Reduce the sauce and at the end add the peanuts. Stir everything and let it cool just a bit. Serve with rice or boiled/roasted potatoes.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s