Green Salad with Peas and Spinach | Зелена салата со грашок и спанаќ [♫Green Green Grass Of Home]

Green Green Grass Of Home

(en is below)

Не постојат доволно зборови кои можат да колку многу е вкусна оваа салата. Но, прво неколку воздишки за прекрасната винтиџ чинија. Многу сакам винтиџ чинии, чаши, вилушки, лажици… Го обожавам нивниот автентичен изглед и минтото кое го кријат… Спомени. Убави и неубави. Баба ми Перка има многу чинивчиња. Мајка ми само и’ зема секоја недела по нешто. Се надевам дека се тоа ќе остане во мое наследство.

Оваа салата е многу едноставна, а многу вкусна. Бидејќи ја обожавам зелената боја, тоа е и причина плус зошто сакам често да ја јадам оваа салата, се разбира, кога спанаќот е сезонски. Во една чинија има толку многу здрави состојки што ја прави исклучително посакувана за сите 🙂 Крцкави ореви, мека рикота и уште помеки ливчиња спанаќ. Мњам!

Идејата за оваа салата дојде сосема случајно, кога го расчистував фрижидерот од состојки кои ми останале. Малку спанаќ, малку грашок, малку рикота и оп – салата за ручек.

Green salad with peas and spinach [♫Green Green Grass Of Home]Зелена салата со грашок и спанаќ

Состојки: 

  • 300 грама спанаќ, свеж
  • 250 грама грашок, одмрзнат
  • 1 рака ореви
  • 100 грама рикота или урда
  • 2 чешниња лук
  • сол, бибер, лут буковец и маслиново масло

Подготовка: Измијте ги убаво ливчињата спанаќ. Бланширајте го спанќот во солена и зовриена вода, 1 минута. Обарениот спанаќ исцедете го и оставете го во чинија. Во истата вода обарете го и грашокот. Обарениот грашок исцедете го и со вилушка малку истолчете го. Зачинете со сол и бибер. Лукчињата истолчете ги со малку сол, а оревите исечкајте ги. Наредете ја салатата во чинија на следниот начин: прво спанаќот, па грашокот, врз нив рикота и од горе оревите. Зачинете ја целата салата со сол, бибер, масилново масло и лут буковец.

Забелешка: По желба, може да ставите сварено/печено пилешко месо, исечкано на долгнавести ленти или меко сварено јајце.

Words can not describe the feelings I have inside of me for this salad. But first, let’s take a moment to embrace the vintage plate. I am such a sucker for vintage plates and pots and forks and knifes and cups… I just love their look and history. Memories, good and bad.This salad is so simple, yet so tasty! Because green is one of my favorite colors, that’s one reason more why I love this cute salad so much. With lots of healthy ingredients, this is just a wonderful salad for lunch. Crunchy walnuts, soft ricotta, tender spinach leafs – just perfect!

Green salad with peas and spinach [♫Green Green Grass Of Home]Green salad with peas and spinach

Ingredients:

  • 300 grams spinach
  • 250 grams defrosted peas
  • handful of walnuts
  • 100 grams ricotta
  • 2 garlic cloves
  • olive oil
  • salt and pepper
  • chili flakes

Prep: Wash the spinach leafs. Blanch them in a pot filled with salted boiling water just for 1 minute. Mash the garlic cloves with some salt until it is a paste consistency. Drain the spinach and while is hot, mix the leafs with the garlic paste. In the same hot water cook the peas until is tender. Drain and while is hot, smash the peas with a potato masher. Season the peas with salt and pepper. Chop the walnuts. Now, assemble the salad: first the spinach, then the smashed peas and on top some ricotta. Drizzle with some olive oil and season with chili flakes. On top of the salad, put the chopped walnuts. The salad is done!

Tip: You can put some poached and chopped chicken breast.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s